Премиерот Зоран Заев денеска на пладне ќе има обраќање и прескоференција во Владата. Според најавите Заев треба да каже што ќе се случува во наредниот период во земјава на политички план откако стана извесно дека не добивме датум за почеток на преговорите со ЕУ, пишува Слободен печат.
Меѓу другите опции за кои се шпекулира дека може да се случат е и она за повлекување на Заев од премиерската функција, што се поврзува со неговите изјави дадени во неколку прилики дека ќе понесе политичка одговорност ако не добиеме датум за преговори.
Политичките аналитичари исто така предупредуваат дека сега не е време за избори, бидејќи тоа ќе ја принуди владата да почне со реализација на популистички мерки кои ќе придонесат за брза регрутација на гласачи, но долгорочно нема да имаат бенефит за државата.