Лидерите на партиите кои учествуваат на средбата кај претседателот Стево Пендаровски моментално се на пауза.
Извори од средбата потврдија дека по враќање на преговарачката маса ќе дискутират за датумот на предвремените парламентарни избори.
Наводно, според извори на Фронтлајн.мк лидерите се согласиле за предвремени избори но имаат различни ставови околу датумот на одржување и се бара период кој нема да ги спречи интегративните процеси.
А. Зеќири