Од лидерската средба што се одржува во претседателската резиденција вечерва, се дознаваат неколку ексклузивни детали.
Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, на средбата реферирал за поддршката што нашата земја ја добила од сите лидери на земјите членки на ЕУ, особено за реформите што се спроведуваат во земјата.
Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, му изразил признание за храброста и одговорноста на премиерот за неговата одлука да понуди предвремени избори.
Мицкоски не кажал ни збор за тоа дека реформите не се спроведени, ниту било каква критика, туку имал само пофални зборови и признанија за одговорниот настап на премиерот кој понуди предвремени парламентарни избори.
Сите лидери без исклучок, како што брифираше и Претседателот Пендаровски, ја изразиле својата безрезервна поддршка за ЕУ и НАТО перспективите на Северна Македонија.
Лидерската средба продолжи по брифингот за првиот дел од средбата.
Џ.Д.