Лидерите на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, на Беса, Биљал Касами и на ДУИ, Али Ахмети, со своите најблиски соработници, први пристигнаа на лидерската средба кај Претседателот Пендаровски во Вила Водно.
Пристигнаа и претседателот на СДСМ, Зоран Заев во придружба на Љупчо Николовски, лидерот на ДПА, Мендух Тачи, и првиот човек на Алтернатива, Африм Гаши.
Последен пристигна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со Игор Јанушев.
Лидерската средба се очекува да започне секој момент.
Текст и фото: Арбен Зеќири