Државниот обвинител, Љубомир Јовески, и обвинителот во јавното обвинителство за гонење организиран криминал, Наум Пановски, велат дека тврдењата на италијанскиот весник „Ла Верита“ за случајот со Меѓународниот сојуз на Боки 13 се „чиста шпекулација“.
„Наводите во текстот не се точни и од фактографски и од аспект на севкупното постапување на институциите во овој случај. На пример, обвинителката Вилма Русковска во тоа време воопшто не беше шеф на обвинителството за гонење организиран криминал за некој преку неа да се обиде да влијае во случајот“, вели за „360 Степени“ обвинителот Наум Пановски.
„Ла Верита“ продолжува со својата кампања против актуелната власт во Северна Македонија, што е своевиден медиумски и политички скандал со меѓународни размери. ФРОНТЛАЈН ќе продолжи со истражување на каналите по кои се движат парите и интересите поврзани со оваа корупциска афера во и надвор од границите на нашата земја. За мотивите, кои се очигледни, веќе се објавени повеќе содржини во текот на изминатите недели.