– Само еден човек од секогаш неуморно работеше против интеграцијата во ЕУ, тоа е Христијан Мицкоски. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски – пиунот на Груевски, секогаш биле и ќе бидат против интересите на граѓаните Да го поразиме на изборите и да продолжиме по прав пат, истакнува Радмила Шеќеринска во видео пораката до граѓаните.
„Цела Европа се обедини во пораката, дека оваа држава направи чудо за само две години. Имаше само еден кој тоа не го призна. Имаше само еден кој за таа лоша одлука на ЕУ имаше аплаузи и разбирање. Тоа беше само Христијан Мицкоски.
Само луѓето кои и на власт и во опозиција ги блокираа нашите интеграции во ЕУ и НАТО, само тие аплаудираа и славеа.
Тоа граѓаните го казнуваат на избори.“, порачува Шеќеринска.