– Дали Брисел води веродостојна политика?
Дали е доволно само да се каже дека на сите земји од Европа местото им е во ЕУ, или тоа е само шарена лага и „морков“ за наивните земји и народите од рабовите на Европа. На неодамнешниот самит во Брисел, ЕУ си испука куршум во коленото. Тие одбија, како што предложи францускиот претседател Емануел Макрон, да започнат преговори за пристапување со две од четирите преостанати европски земји. Ги оставија на бришан простор – Северна Македонија и Албанија, пишува хрватскиот Jutarnji.hr.
„Посебна неправда (не помалку со Албанија) беше сторена на Скопје. Оваа земја по долго време успеа да се извлече од тешкиот јарем во кој остана заглавена заради спорот со Грција за името на земјата. Младиот и одлучен про-европски премиер Зоран Заев направи храбар и ризичен историски потег – тој се согласи на промена на името.
Ја добивме Северна Македонија. Тој ризикуваше протести и раскол во општеството, но потпиша договор со Грција и го испушти тој мелнички камен што ја гушеше Македонија околу вратот, не дозволувајќи и’ да оди напред. Сега каменот му е вратен. Тој го заслужи воодушевувањето дека има и ветувачки политичари кои ја гледаат иднината на Балканот. Но, сега, како награда, Европа му ја тресна вратата во лицето и направи една од најубиствените грешки што можеше да ги направи. Македонија сега е пред нови избори, а поразените ретроградни антиевропски сили кои се потпираат на поддршката на Кремељ, се будат од реанимацијата.
Со веста од Брисел, само Владимир Путин може да биде среќен. Македонија, која тој веќе ја пречкрта од своите европски планови, со безобзирноста на Брисел, сега може повторно да му падне во раце.
Со давањето датум за почеток на преговори со Македонија и Албанија, ЕУ не би изгубила ништо, туку би добила страшно многу и би оневозможила Балканот повторно да биде зона за дестабилизација, што може да се случи.
И, кој ќе биде виновен? Дивите Балканци?
Не овој пат.“