Премиерот Зоран Заев добил покана да го посети Рим лично од премиерот на Италија, Џузепе Конте. Имформацијата за ЦИВИЛ Медиа ја потврдија и официјално од кабинетот на Заев.
Оттаму велат дека не е одреден точен датум ниту Заев ја потврдил посетата. Но неофицијално се дознава дека Заев е поканет да биде во Рим во истиот период кога во италијанската метропола на 19 ноември ќе се состане Советот на министри за надворешни работи на земјите членки на Европската Унија.
Овој совет може да донесе и заклучоци кои понатаму може да ги предлага на Советот на шефовите на државите членки, кој ке се одржи во декември при преземањето на претседавањето на Унијата од страна на Хрватска.
Во дипломатските кулоари сѐ повеќе се зборува дека и на Самитот во Рим ќе се прави уште еден обид за премислување на Франција и да им се одреди датум за отпочнување на преговори на Северна Македонија и Албанија.
A.Зеќири