– Денес ја одржавме првата конститутивна седница во градот кој и во минатото бил познат како еден од најсолидарните градови, токму затоа денес ја возобновуваме оваа идеја преку која Штип добива уште една форма како да помага на наши сограѓани, истакна градоначалникот на Општина Штип Благој Бочварски.
„Како претседател на Управен одбор на Солидарниот фонд, упатувам јавен повик до сите граѓани на Општина Штип да бидат хумани и да донираат за малата Симона.
Да ја покажеме хуманоста на дело!“, порача Бочварски.
С.М. Живкова