ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Талески за Топ тема: Ве повикувам да ги видите изјавите на сенаторот Риш за визијата и храброста на Заев

Со одлуката која што е направена, нефер и самите лидери на ЕУ карактеризираа како историска грешка. Нас ни е направена голема неправда, и тоа е факт. А ќе има, а не може да има од тоа добри последици по нас, но дел од лошите последици ние ќе успееме да ги пребродиме токму заради полноправното членство од НАТО, кое го донесе Преспанскиот договор.

October 22, 2019 20:11
in Uncategorized, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Ве повикувам медиумиве да ги видите изјавите на Сенаторот Џејмс Риш, кој што го бранеше предлогот, неговите формулации кои ги употреби за успехот државата, за историското важење, за визијата и за храброста на премиерот Заев и на премиерот Ципрас, да се склучи Преспанскиот Договор кој што е темел и модел подобрување на односите помеѓу соседите во регионот и кои што му овозможи на нашата држава полноправно членство во НАТО, постапка која е пред самти крај, изјави Дане Талески, национален координатор за НАТО вечерва во Топ тема на Телма ТВ.

Кога ќе заврши ратификацијата на протоколот во Холандија, Шпанија, Исланд и Франција, појасни Талески,  може да се смета дека ние сме следната 30-та полноправна членка на НАТО. Ратификацијата на членството во НАТО ќе заврши со  потпишување  на Вашингтонскиот договор во македонското Собранието.

„Со одлуката која што е направена, нефер и самите лидери на ЕУ карактеризираа како историска грешка. Нас ни е направена голема неправда, и тоа е факт. А ќе има, а не може да има од тоа добри последици по нас, но дел од лошите последици ние ќе успееме да ги пребродиме токму заради полноправното членство од НАТО, кое го донесе Преспанскиот договор. Преспанскиот договор е најдоброто нешто што можеше да го постигни ова држава со Р. Грција, имајќи ги во предвид контекстот и условите во кои се зафативме да преговараме“ рече Талески во Топ тема.

„ЕУ не успеа да донесе одлука, не по наша вина, вината е кај нив. Ние ги испорачавме сите работи коишто беа барани од нас.“, рече Талески во Топ тема.

Според него, сè што беше потребно од реформите оваа Влада го испорача. Тоа е признанено и потврдено од сите и јасно стои во Извештаите. Сега тоа што се случува во ЕУ, намалениот апетит за проширување е внатрешен проблем на Унијата. Ние сега сме во оваа ситуација затоа што граѓаните и државата загубија 11 години поради ВМРО ДПМНЕ и Никола Груевски.

„Во една ситуација на државата, раскарана со сите соседи, окарактеризирана како заробена држава, излегувајќи од еден авторитарен режим коишто успеа комплетно да ги разруши сите безбедносни институции и да ги стави под контрола неколку луѓе за политички инструментализација. Значи, при едни такви услови за две години вие да направите таков квалитетен исчекор, да добивате квалификации од страна на Европските лидери дека сте пример коишто треба другите да го следат. Да успеете да го запишете македонскиот јазик , македонско државјанство за да ја комплетирате личната карта во ОН…членството во НАТО ни помага ние да ја зајакнеме нашата стабилност и безбедност, не само нашата домашна како држава, туку и во рамки на регионот да имаме шанси да бидеме еден од темелите на безбедносната инфраструктура“, рече Талески.

Илија Димовски пак, шеф на парламентарната делегација во НАТО потенцираше дека Преспанскиот договор е со катастрофална содржина, но сепак тој се гордее што, како што рече, неговата  партија е прва која се залагала за влез во НАТО.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Забрчанец: Институциите се подготвени да реагираат на лажните вести во предизборието

НАЈНОВО

Дали изборниот процес во Скопје е сериозно компромитиран – кандидирано починато лице од јануари 2024

October 17, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Народниот правобранител отвора бесплатна телефонска линија за пријавување повреди на избирачкото право

October 17, 2025
Јане Ѓорѓиоски.

Некој нормален да објасни на што се должи самоувереноста на Орце и Мицкоски

October 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски за средбата Црвенковски и Пецаков не гледа ништо необично, ниту изненадувачко

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сомалиски пирати во Македонскиот залив!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Позната причината за смртта на Дајан Китон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ружин: Доколку не ги направиме уставните измени немаме никаква можност да мрднеме кон ЕУ, Фон дер Лајен е јасна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk