ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Германски „Герешајмер“ ја почнува изградбата на првата фабрика во ЈИЕ со седиште во Скопје

„Герешајмер“ има 50 фабрики во 13 држави, а вкупниот промет на компанијата е 1,3 милијарди евра

October 23, 2019 08:43
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Германската компанија „Герешајмер“ денеска во Технолошко индустриската развојна зона Бунарџик ќе ги постави темелите на новата фабрика за медицинска пластика. Ова е прва фабрика на германската компанија во Југоисточна Европа, а земјава беше избрана како поволна бизнис дестинација во конкуренција со Србија и Романија, пренесе МИА.

На свеченоста ќе се обрати премиерот Зоран Заев, вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, министерот на економија Крешник Бектеши и директорот на ТИРЗ, Александар Младеновски.

Инвестицијата ќе се реализира во повеќе фази, а во план е да бидат отворени 400 нови работни места. Ова е втора инвестиција по потпишувањето на Протоколот за членство на земјава во НАТО.

Договорот беше потпишан во март годинава, а новата инвестиција тогаш ја најавија премиерот Зоран Заев и вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.

– Договорена е огромна инвестиција, втора по потпишување на протоколот за членство во НАТО, што значи дека инвеститорите ја препознаваат земјата како стабилна и сигурна дестинација, изјави тогаш премиерот Заев.

Со производството, според првичните најави, фабриката ќе почне кон средината на следната година.

– Ќе градиме нова фабрика во Скопје како дел од нашата стратегија за проширување во Европа. Планираме значителни инвестиции во технологија и во машините. Во план е да имаме 400 вработени. А ја цениме и можноста за натамошен развој во иднина. Планираме изработка на производи во фармацевстката и медицинската индустрија. Ја избравме Северна Македонија како идеална локација за проширување на нашето производство. Земјата нуди добра инфраструктура, ниски трошоци и обучен персонал, како и одлична поддршка од властите, порача Дитмар Сиемсен, извршен директор на „Герешајмер“ во видео пораката објавена кога беше потпишан договорот.

„Герешајмер“ има 50 фабрики во 13 држави, а вкупниот промет на компанијата е 1,3 милијарди евра.

Next Post

Европарламентот со вонредна резолуција за преговори со С. Македонија

Најново

Илустрација Фронтлајн

„Евромор“ и „Правфонд“ на црната листа на ЕУ: Замрзнати средствата на руските пропагандни субјекти

April 22, 2026
Фото: ФБ страница на Христијан Мицкоски

Дипломатски десант на Мицкоски во Виена, без приземјување во реалноста

April 22, 2026
Фото: Скриншот, видео Јутјуб

АМНЕСТИ ИНТЕРНЕШЕНАЛ: Светот влегува во „предаторска ера“ – колапс на меѓународното право и човековите права

April 22, 2026

Украински дронови ја нападнале руската нафтена рафинерија Сизрањ

April 22, 2026

„Метаморфозис“ го објави конкурсот за годишната награда „Илија Жупаноски“ за справување со дезинформации

April 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk