ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

„Лошиот работник“ наспроти „добрите работодавци“ – сè за 14.000 минимална плата

Самото тоа што барате можност да кратите и од вака малите и јадни плати што ги давате, со сите манипулации, покажува дека вие сè уште мислите дека сте некоја посебна категорија граѓани и дека можете да си дозволите јавно да барате работниците да ви бидат робови, нивните деца да трпат за парче леб, додека вашите ги праќате на екскурзии низ светот од 16 години.

October 23, 2019 14:35
in ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: СИМОНА М. ЖИВКОВА

Членови на текстилниот кластер (работодавачи) вчера дискутирале за покачувањето на минималната плата… Од средбата дознавме дека не се согласуваат со покачувањето на минималната плата и, уште појако, бараат да се врати она што го прогласи Уставниот суд за противуставно. Бараат можност на „лошите“ работници да не им исплаќаат минимална плата, поради нецелосно извршена работна обврска? Да не сум ве разбрала погрешно?  Така е тоа, кога вакви дебати се одржуваат зад затворени врати.

Ајде, сега и ние да кажеме нешто.

Многу добро знаете дека продуктивноста односно непродуктивноста на работниците не е резултат на тоа што тие се „лоши“ работници, туку тоа е директно резултат на вашите работни услови, на вашиот однос спрема работниците и вреднувањето, односно невреднувањето и непочитувањето на нивниот труд и здравје и време и живот, поминати во вашите погони кои се далеку од достоинствени простории за производство.

Толку силно ме удри тој збор „лош работник“ во глава, што помислив – и ние да направиме еден список на добри и лоши работодавци и да бараме од државата да им зема дел од профитот за да им го дадеме на добрите. Што мислите за идејата, драги работодавци? И што мислите, колку од вас ќе останат на списокот на добри работодавци?

Почнете да си ги одговарате прашањата: Дали се однесувам кон работниците достоинствено, почитувајќи ја нивната личност? Дали се грижам за здравјето на моите работници? Дали работат во соодветни и безбедни услови? Дали има соодветна температура во погонот за производство? Дали плаќам за работа на празник и прекувремена работа? Дали сите мои работници користеа годишен одмор ?… И така сами запишете се на списокот. Оти ние ги имаме одговорите…

Ако не можете да се носите со покачувањето на минималната плата, затворете си го бизнисот. Зашто вие сигурно ни одблизу не можете да замислите како е да се преживува со 12.000, па и 14.000  денари, за да барате можност некому да му плаќате помалку од тоа.

Продуктивноста на вработените ќе ја зголемите ако за почеток почнете да се однесувате спрема работниците во текстилната индустрија со почит. И мене секојдневно некој да ми виси над глава и да ми демонстрира моќ, ќе бидам непродуктивна и ќе бидам лош работник…  Самото тоа што барате можност да кратите и од вака малите и јадни плати што ги давате, со сите манипулации, покажува дека вие сè уште мислите дека сте некоја посебна категорија граѓани и дека можете да си дозволите јавно да барате работниците да ви бидат робови, нивните деца да трпат за парче леб, додека вашите ги праќате на екскурзии низ светот од 16 години.

Се водела бурна дебата меѓу „текстилците“ за 14.000 денари и веќе точно знаеме што нѐ чека од јануари: враќање пари на работодавците, притисоци, уцени, откази…

Е па, драги работодавци, нема да може така, работниците одамна не се сами против вас. Или ќе ги почитувате законите и работниците или да си ги затворите фабриките и да направите место да можат да функционираат добрите работодавци.

Не сте сите исти и секоја чест на исклучоците!

 


Сите права се задржани. Преземањето е возможно само со писмена дозвола од Редакцијата.
Next Post

Заев: Најавата за вонредна резолуција на ЕП ќе ја врати мотивацијата да продолжи по европскиот пат

НАЈНОВО

Филипче: Македонија е на дното во регионот најниски плати, највисока инфлација, најслаб економски раст

November 13, 2025

Предлог-измените на Законот за ДДВ го поминаа првото читање пред матичната собраниска Комисија

November 13, 2025

Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ДИК: Надоместоците за изборните органи за Локалните избори 2025 нема да се намалат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стабилни буџети, нестабилни приоритети – општините во фискален парадокс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Дали Панкерот и кумовските врски на Мицкоски се под истрага – скандалот со ИПАРД води до врвот на власта

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 13 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фатјон Софта: Северна Македонија, Косово и Албанија – под закана од тајни саботажи и дезинформации од Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk