Националното здружение за мултипла склероза (МС) и Факултетот за драмски уметности го реализираа првиот краткометражен филм за мултипла склероза со наслов „Роденденски подарок“.
– „Во него е отсликана реалноста и здравствените и социјалните предизвици со кои се соочуваат овие лица во општеството. Филмот има прекрасен расплет каде секој може да ја почувствува суровата реалност, гордоста и победата. МС е една од најчестите невролошки нарушувања и причини за инвалидитет кај младите возрасни лица.
Посветено работиме на унапредување на грижата за пациентите со мултипла склероза. Наместо 9, од оваа година 43 пациенти ја примаат иновативната терапија Ocrelizumab. Со примањето на иновативните лекови се контролира прогресијата на болеста“, посочува Министерот за здравство Венко Филипче.
Погледнете го краткометражниот филм „Роденденски подарок“, кој прикажува една емотивна приказна од која ќе ви потече солза, две…