Кинеската академија за вселенско-воздушна аеродинамика со кусо видео од првичните испитувања, го најави нов вселенски брод за повеќекратна употреба, кој се придвижува со авион-носач, пренесува МИА.
Концептот на леталото потсеќа на советскиот „Буран” и ракетата-носач „Енергија”. Се работи за таканаречено „воздушно полетување”, при што вселенското летало се покренува во лет од друг воздухопловен објект. И макар што таа идеја се разработува со десетлетија, се чини, Кинезите сега се решени да ја подигнат на ново технолошко ниво.
Новиот брод се очекува да стане достоен соперник на проектите на Спејс-Икс, Боинг и НАСА. Кинескиот вселенски брод има капацитет од шест лица и е наменета за мисија на Месечината.
Полетувањето ќе се случи со помош на ракетата-носач Лонг Марч 5-Б, исто така – кинеско производство, што има носивост и до 20 тона товар.