ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Моралес во убедливо водство на изборите во Боливија

Моралес се бори за четвртиот претседателски мандат. За време на неговите три мандати Боливија забележа силен економски напредок, пораст на платите и намалување на стапката на сиромаштијата

October 24, 2019 09:27
in СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Актуелниот претседател на Боливија Ево Моралес е во предност за 10 проценти во однос на својот главен ривал на претседателските избори, Карлос Меса, покажуваат официјалните резултати од досегашното пребројување на гласовите, пренесе МИА.

Врз основа на 98 отсто од обработените гласови, Моралес освои 46,76 отсто од гласовите.

Доколку продолжи овој тренд, Моралес, кој веќе 14 години е на чело на Боливија, би победил во првиот круг од претседателските избори, одржани во неделата.

Моралес е единствениот јужноамерикански лидер останат од времето на таканаречената „розова плима“ – доминација на левицата на континентот во првата деценија од 21 век. Тогаш Чиле и Колумбија беа единствени јужноамерикански земји каде на власт беше десницата, додека денес левицата е на власт уште во Боливија, Венецуела, Еквадор и Уругвај.

Моралес се бори за четвртиот претседателски мандат. За време на неговите три мандати Боливија забележа силен економски напредок, пораст на платите и намалување на стапката на сиромаштијата.

Тој е припадник на автохтониот народ Ајмара, а на власт дојде во 2005 година откако вети дека се ќе национализира. Но, неговата партија Движење кон социјализмот (МАС) се покажа многу попрагматична отколку што сугерираше реториката.

Меса, кандидатот на коалицијата Граѓанска заедница е поранешен новинар, кој беше претседател на Боливија од октомври 2003 до март 2005 година. Тој е кандидат на коалицијата Граѓанска заедница. Меса го обвинува Моралес за авторитарни склоности и за пораст на корупцијата.

Next Post

Предложени 17 амандмани за Резолуцијата на ЕП за Северна Македонија и Албанија

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk