ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home

Предложени 17 амандмани за Резолуцијата на ЕП за Северна Македонија и Албанија

Во предложените амандмани од страна на Обновена Европа се бара во параграфот 1 да се избрише тоа дека Северна Македонија и Албанија беа блокирани од Франција, Данска и Холандија

October 24, 2019 09:31
in Uncategorized, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

За заедничката резолуција на Европскиот парламент за која ќе се гласа напладне, се предложени вкупно 17 амандмани. Со резолуцијата се  повикуваат земјите-членки да покажат одговорност кон Северна Македонија и Албанија и едногласно да донесат позитивна одлука за започнување преговори на нивната следна средба, пренесе МИА.

Во предложените амандмани од страна на Обновена Европа се бара во параграфот 1 да се избрише тоа дека Северна Македонија и Албанија беа блокирани од Франција, Данска и Холандија.

Понатаму групата Обновена Европа – во која членува партијата на Емануел Макрон, бара во резолуцијата да се додаде дека „еден од аргументите во прилог на одложувањето се фокусирал на потребата за ревидирање на тековниот формат на преговорите за пристапување. Смета дека таков преглед, кој вклучува научени лекции од претходните проширувања, треба да го преземе идната Европка Комисија, заедно со законодавната работа за новиот финансиски инструмент за претпристапување (ИПА III), со амбициозна агенда за подготвеност од страна на Европскиот совет од мај 2020 година во Загреб.

Истите предлагачи доставија и амандман со кој се дообјаснува позицијата на францускиот претседател односно „дека амбициозна, кредибилна и задоволителна политика за проширување за сите страни бара процес на длабински институционални реформи на Европската унија“, забележува дека претстојната конференција за иднината на Европа ќе биде од најголемо значење за да го отвори патот за вакви реформи, а кредибилитетот на Унијата како целина и во процесот на проширување бара брзо воспоставување јасна програма за внатрешни реформи.

Европратениците Ларс Патрик Берг, Гидо Реил и Јорг Меутхе, пак, бара да се замени длабокото жалење за незапочнувањето на преговорите со „поздравување одлуката на Европскиот совет од 17 октомври 2019 година за одложување на започнувањето на пристапните преговори со Албанија и Северна Македонија; нагласувајќи дека одбивањето на Европскиот совет да даде зелено светло за започнување на пристапните преговори, ја рефлектира загриженоста на одделните земји-членки во однос на безбедноста и благосостојбата на нивните граѓани и разумната употреба на нивните системи за социјална заштита.“

Истите европратеници се на спротивно мислење од мнозинството и со амандман бараат да се внесе во резолуцијата дека се „жали што реформите во правосудството кои имаат за цел зајакнување на независноста, одговорноста и професионалноста на судството постигнаа мал напредок“. Тие  забележуваат „со загриженост дека имало мало подобрување во борбата против корупцијата и организираниот криминал; дека корупцијата на високо ниво и сериозните недостатоци во владеењето на правото продолжуваат да ги обесхрабруваат инвестициите во Албанија и Северна Македонија и  го отежнуваат нивниот развој.“

Понатаму тие ја повикуваат новата Комисија да учи од грешките направени во претходните политики; во овој поглед се потсетува дека пристапувањето на Романија и Бугарија довело не само до одлив на мозоци, туку и до силен прилив на сиромашни мигранти во побогатите земји во Западна и Северна Европа и потенцираат дека ова создало многу социјални проблеми во многу градови и земји.

Со уште еден амандман тие нагласуваат дека апсорпциониот капацитет на ЕУ и одобрувањето на граѓаните на земјите-членки треба да биде пресуден критериум во процесот на проширување на Унијата.

Од друга страна Ката Пири и Тони Пицула од групата на Социјалистите и демократите бараат во резолуцијата да се вметне фактот дека „со оглед на тоа што историските договори склучени со Северна Македонија претставуваат значаен дипломатски напор и политички успех; дека тие претставуваат симбол на стабилност и помирување низ целиот регион на Западен Балкан; со оглед на тоа што овие договори го подобрија и духот на добрососедските односи и регионалната соработка и го отворија патот за европска интеграција на таа земја“.

Грчките европратеници од Сириза бараат исто така да се вметне во резолуцијата дека „историскиот Договор од  Преспа со Грција, го реши долгогодишен спор и обезбеди регионална соработка и добрососедски односи во регионот“.

Тие исто така изразуваат длабоко разочарување од неможноста на Унијата да се согласи за започнување на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија, заради блокирањето на Франција, Данска и Холандија, забележувајќи дека оваа одлука го покажува недостаток на визија на Унијата и кризата со којашто таа се соочува.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

Студентите во блокада ги повикаа граѓаните на Србија на масовен прекин на работата до исполнување на нивните барања

June 30, 2025

Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

June 30, 2025

Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

June 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • За Латас, децата треба да учат во училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица потешко повредени во сообраќајка во центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во првото коло од Вимблдон 737-от тенисер во светот победи без да изгуби сет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk