ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Извонреден настап на хорот „Драган Шуплевски“ на престижниот фестивал „Universitas Cantat“ во Полска

May 18, 2026 13:33
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Хорот „Драган Шуплевски“ при Факултетот за музичка уметност (ФМУ) – Скопје, под раководство на маестро проф. м-р Сашо Татарчевски, забележа извонредна презентација на еден од најголемите универзитетски фестивали во Европа. Станува збор за фестивалот „Universitas Cantat“, кој има долга традиција и претставува форум на најквалитетните светски универзитетски хорски ансамбли. За македонскиот хор, ова е трета покана за учество, што претставува извонредно признание само по себе.

Овој пат, хорот настапи во формација на женски хор, а одржаните концерти поминаа со огромна посетеност и интерес. Првиот концерт се одржа во катедралата „Св. Никола“ во градот Калиш. По настапот, на приемот организиран од свештеникот на катедралата, македонските претставници имаа чест да видат голема фреска на која се претставени патроните на скопскиот универзитет, светите браќа Кирил и Методиј.

 

1 of 5
- +

Вториот настап се одржа во импозантната концертна сала на универзитетот „Адам Мицкјевич“ во Познањ. За оваа прилика, маестро Татарчевски избра програма со композиции од македонските музички бардови: Тодор Скаловски, Трајко Прокопиев, Драган Шуплевски, Кирил Македонски и Александар Лековски. Изведбите наидоа на бројни аплаузи од публиката, а особено беа впечатливи бурните реакции и овации од останатите учесници на фестивалот од САД, Германија, Унгарија и Полска, кои продолжија и откако македонските студентки ја напуштија сцената.

Покрај самостојните концерти, студентките учествуваа и во осмислени работилници, како и во заедничката подготовка и изведба на композицијата „On – Off“ од Зузана Фалковска, специјално создадена за овој настан.

Од ФМУ посочуваат дека континуираните успешни настапи на хорот „Драган Шуплевски“ носат покани за нови еминентни настани и претставуваат голема афирмација за факултетот, УКИМ и за државата во целина.Овие претставувања се поддржани од Министерството за култура, УКИМ и ФМУ – Скопје, а се одржуваат под покровителство на претседателката на државата, Гордана Сиљановска – Давкова, по повод 60-годишнината на Факултетот за музичка уметност.

Next Post

Талески: Општините да овозможат бесплатно паркирање за семејства на деца со аутизам

Shortcut

Најново

Мицкоски: Претходната Влада потпиша капитулација со прифаќање на бугарските барања, ние нема да попуштиме на уцени

June 16, 2026

СДСМ до Обвинителството: Уште колку докази за криминални тендери се потребни за да започнете истрага?

June 16, 2026

(ВИДЕО) Уапсен скопјанец за опожарување на две возила на амбасадата на Бугарија

June 16, 2026

СДСМ: Откриена бизнис-шема со омилени изведувачи и фирми за надзор

June 15, 2026
Фото: 360 степени

(ВИДЕО) Запалени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје

June 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk