ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Тимоние: Клучните реформи во Македонија не се до крај исполнети, а на чуден начин фокусот беше префрлен само на Договорот од Преспа

Да мислите дека сте држава за пример го одржува моралот, но дали навистина постои такво нешто, не можам да кажам. Земјата постигна внатрешен мир во едно многу тешко време и тоа треба да биде признаено. Модел на храброст е Преспанскиот договор. Но за држава за пример не можам да зборувам, тоа ќе ви го оставам вам. Не треба да се користи таа терминологија, туку треба да се фрлиме на работа“, рече Тимоние.

October 24, 2019 10:52
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Ги следевме сите реакции, а првата е разочарување. Одредени дадоа ветувања, а потоа ја префрлија грижата на другите. Сега и тие треба да поднесат одговорност, а всушност јавноста беше подготвена, а тоа беше дополнителен притисок останатите земји членки за да се произнесат позитивно. Требаше да се разговара за реформите, а потоа се случи чудна промена, тоа е дека поради Преспанскиот договор требаше да се даде позитивна оценка, а тоа не е само од власта, туку и од земји-членки. Од фундаменталните аспекти, се најдовме со прашања од геополитичка или геостратешка точка. Тоа не беше француската перспектива, рече францускиот амбасадор во Македонија, Кристиан Тимоние кој денеска одржа прес-конференција во француската резиденција во Скопје каде одговара на сите новинарски прашања.

„Ако јас треба да ги објаснам емоциите, ќе кажам дека разбирам и чувствувам. Од една страна се силните емоции, но има и дипломатска страна, односно политички разговори за иднината на ЕУ, иднината која се подготвува во перспектива со нови земји-членки, но се прави и за куќата, ние разговараме за Брегзит но и за финансиите, а сето тоа влијае врз проширувањето. Има разделеност помеѓу очекувањата, но и ситуацијата во Брисел. Сето тоа беше поука за сите, за моите власти, но и за оние кои поради невнимание дале надежи, тие надежи остануваат наш фокус, но се работи за една етапа и тоа сакам да го изнесам преку вас до граѓаните“, вели Тимоние на прес конференција“, рече Тимоние.

Тимоние сепак нагласи дека не ги обвинува властите во Франција.

„Требаше да се разговара за реформите, а потоа се случи чудна промена, тоа е дека поради Преспанскиот договор требаше да се даде позитивна оценка, а тоа не е само од власта, туку и од земји-членки. Од фундаменталните аспекти, се најдовме со прашања од геополитичка или геостратешка точка. Тоа не беше француската перспектива. Мислам дека перспективата, која од секогаш била јасна во француската страна беше пренесена на грчките и македонските соговорници, а таа беше загубена по пат. Ако јас треба да ги објаснам емоциите, ќе кажам дека разбирам и чувствувам“,  рече Тимоние на прес конференцијата.

Според Тимоние, францускиот претседател Емануел Макрон јасно кажал дека има поразлична анализа од другите земји-членки на ЕУ.

„Претседателот Макрон јасно кажа дека има сопствена анализа поразлична од другите партнери, но сепак работите не се како што беа презентирани, тие беа презентирани тука како француско вето. Имаше сложена дискусија, и тоа беше кажано и во рамки на состанокот на министрите за надворешни работи, нашата министерка направи извештај, имаше различни толкувања за Северна Македонија и Албанија, дали да се одвојат или не, но тие толкувања завршија преку француско-германски предлог, кој не беше прифатен од страна на другите партнери. Јас жалам што тој предлог не успеа и се случи одлуката да се навратиме на прашањето на самитот во Загреб. Морам да признаам дека се отвара прашањето за нашето сопствено функционирање, а за функционирањето на Унијата ќе мора да се разговара внатре. Мора да видиме што точно значи проширувањето“, вели Тимоние.

Тимоние нагласи дека одговорноста за недобивање на датум за преговори не е само на Франција, туку и на оние земји кои ѝ ветувале на Македонија дека на овој самит на ЕУ ќе биде доделен фамозниот датум.

„Клучните реформи во Македонија не се до крај исполнети, а на чуден начин фокусот бил префрлен само на еден од исполнетите предуслови, а тоа е Договорот од Преспа за името со соседна Грција“, потенцира Тимоние.

Да мислите дека сте држава за пример го одржува моралот, но дали навистина постои такво нешто, не можам да кажам. Земјата постигна внатрешен мир во едно многу тешко време и тоа треба да биде признаено. Модел на храброст е Преспанскиот договор. Но за држава за пример не можам да зборувам, тоа ќе ви го оставам вам. Не треба да се користи таа терминологија, туку треба да се фрлиме на работа“, рече Тимоние.

И.Т.З.

Next Post

Северна Македонија на 17-тото место во Дуинг бизнис 2020, пад од седум места поради новата методологија

Shortcut

Најново

Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

July 16, 2026

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk