ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

За 26 отсто поевтинува стандардниот приклучок за електрична енергија

-Со новиот ценовник за стандадни приклучоци, цената ќе изнесува 370 евра што е намалување од 26 проценти, рече претседтелот на РКЕ Марко Бислимоски на денешната прес-конференција, нагласувајќи дека досега цената изнесуваше 500 евра.

October 24, 2019 13:33
in ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) го одбори новиот ценовник за стандардни приклучоци и новиот трошковник на ЕВН за електрична енергија со кој за 26 отсто се намалува цената за стандарден приклучок, воедно се проширува опфатот и опсегот на стандадни приклучоци за домаќинствата и за 60 отсто се намалува цената за одвојување на броило, како и за промена од монофазен во трофазен приклучок, пренесе МИА.

-Со новиот ценовник за стандадни приклучоци, цената ќе изнесува 370 евра што е намалување од 26 проценти, рече претседтелот на РКЕ Марко Бислимоски на денешната прес-конференција, нагласувајќи дека досега цената изнесуваше 500 евра.

Со новите мрежни правила за дистрибуција, додаде,  се зголемува опсегот и опфатот на домаќинствата кои ќе се стекнат со статус на стандарден приклучок.

-Најголем дел од домаќинствата отсега ќе потпаднат во опсегот на  таканаречени стандардни приклучоци. На тој начин повеќе нема да има цена за стандарден приклучок од преку 2.000 евра за категории на граѓани кои живеат во подрачја каде не се донесени детални урбанистички планови, појасни Бислимоски.

За повеќе од 75 проценти, потенцира претседатлот на РКЕ, се намалува и трошокот за повторно приклучување на корисниците кои се исклучени поради ненавремено плаќање на сметките за електрична енергија.

-Тој трошок досега изнесуваше 1.740 денари или околу 2.500 денари за итно приклучување во текот на денот, а сега ќе изнесува околу 440 денари. Приклучувањето сега ќе биде во најбрз можен рок како што е наведено во мрежните правила за дистрибуција. На овој начин на најранливите категории на потрошувачи кои имаат проблем со плаќањето на сметките им овозможуваме  своите трошоци за електрична енергија да ги плаќаат и да не се доведуваат во ситуација да даваат непотребно високи средства за повторен приклучок, посочи Бислимоски.

Со новиот ценовник што го донесовме, нагласи, кај домаќинствата кај кои ќе се врши одвојување на мерно место (броило) за што  досега ЕВН наплаќаше по 500 евра, имајќи третман на стандарден приклучок, сега овој трошок ќе биде 200 евра што е намалување од 60 проценти.

Се намалува, додаде и цената за промена од монофазен во трофазен приклучок и наместо 500 евра како десега, ќе се наплаќа по 200 евра.

-Со новите мрежни правила за дистрибуција повеќе немада се користи правилникот за безбедносни растојанија од СФРЈ, туку има нови правила  кои се малку и ригирозни, но имајќи ја во предвид безбедноста на граѓаните сметаме дека се неопходни, бидејќи една мала грешка може да биде со катастрофални последици и губење на животи, потенцира Бислимоски.

Next Post

Заев дознал за „бомбите“ од Верушевски, најприслушувани биле тој и Црвенковски

Shortcut

Најново

Рускиот агресор подготвува нова изборна фарса во окупираните украински територии: „Избори“ под окупација и закана од оружје

August 10, 2026

ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

August 10, 2026

СДСМ поднесе кривична пријава против Клековски, Андоновска, Лазов и Амети за случајот со водата во Гостивар

August 10, 2026

Битка за минатото и слепило за иднината

August 10, 2026

СДСМ обвинува за погрешено знаме на прославата, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа дека е уметничка инсталација

August 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Им симнувам капа на РКМ“: Сведочења за случајот „Мазут“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk