ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Трајан Димковски: Опозициската ВМРО-ДПМНЕ стои зад највениот протест на земјоделците

Не гледам причина и повод земјоделците утре да излезат на протести пред Владата, бидејќи цело време заедно со нив ги планиравме интервентните мерки што ги воведовме и секогаш беа информирани кога точно може да ја очекуваат исплатата и од каде ќе стигнат исплатите, но тоа е нивно право

October 25, 2019 13:32
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Не гледам причина и повод земјоделците утре да излезат на протести пред Владата, бидејќи цело време заедно со нив ги планиравме интервентните мерки што ги воведовме и секогаш беа информирани кога точно може да ја очекуваат исплатата и од каде ќе стигнат исплатите, но тоа е нивно право, порача денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски и ја обвини опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека стои зад највениот протест, јавува МИА.

– Вчерашната исплата  што ја направивме кон оризопроизводителите и денешната кон сточарите за предадено млеко не се во насока да ги смириме, бидејќи беше неопходен период за да стане оперативен ребалансот за измените што ги направивме во програмата за финансиска поддршка, како и за административната подготовка од страна на Платежната агенција, рече министерот Димковски во одговор на прашање на денешната прес-конференција.

Тој нагласи дека ова остава „мирис и на политичка запршка во која се става некој  зачин„ само за да се долее нешто за предвремените парламентарни избори кои се закажани за 12 април следната година.

– ВМРО-ДПМНЕ вчера излезе со јавна поддршка на протестот, но од аудио снимките можевме да слушнеме дека се и негови организатори. Ние ќе продолжиме со исплатата и коректната комуникација со сите кои побараа средба и со кои имавме состаноци во МЗШВ. Во континуитет разговараме и во зависност од тоа каква гранка и каков сектор преставуваат земјоделците со кои разговараме ги слушаме нивните барања, ги прилагодуваме и некогаш заеднички договараме како ќе изгледа мерката, рече Димковски.

Целта на МЗШВ, потенцира, е да го задржи земјоделството на рамништето што веќе го има во ваквите економски услови, а очекуваме, додаде, и брз развој со користење на националните и европските фондови, но и со кредитни линии кои ќе влегуваат како капитални исвестиции. Најави дека од следната година на располагање ќе бидат 80 милиони евра од КфВ банката за четири капитални инвестиции за наводување со кои се очекува за дополнителни 30 илјади хектари да се зголеми фондот на земјиштето под наводнување.

Повеќе земјоделски здруженија за утре најавија протсет во Скопје. Протестот, според најавите, ќе почна напладне пред поранешен Скопски саем од каде пешки ќе се упатат до Владата.

Next Post

Променет режим на сообраќај на патните правци Струга – Дебар и Охрид – Свети Наум

Најново

Анаис, хороскоп, Македонија, Скопје, стара железничка

Дневен хороскоп со Анаис – 28 април: Продлабочување на ефикасноста и зацврстување на здравите навики

April 27, 2026

Вајц вели земјава не постигнала никаков напредок во реформите во последната година, според Мицкоски нема таков извештај од ЕУ

April 27, 2026
Форо: Скриншот, видео Ројтерс на ФБ

NBC News со анализа за теориите на заговор по нападот во Вашингтон

April 27, 2026

ССМ со петта Синдикална академија: Зајакнување на работничката борба во пресрет на големиот јубилеј

April 27, 2026
Брифинг на Венка Филипче

Филипче: Никогаш и никаде не кажавме дека ќе го напуштиме Собранието, тоа е само спин на премиерот

April 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk