Од сиот тој невидено огромен број луѓе (ЛАЖАМ, НОРМАЛНО) на денешниот „земјоделски“ протест имаше сè освен земјоделци. Бидејќи ВМРО-ДПМНЕ нели не беа организатори, сакаме да посочиме дека сепак беа, зашто, нели, греота е на човек да не му кажеш вистина, зошто ќе си отиде од овој свет, така благо замелушен и во заблуда.
Најпопуларната „земјоделка“ Пепица Честојнова од Неготино, која жестоко ја нападнаа медиумите поради скапите очила за сонце и уште поскапата кошула, е толку изнамачена што решила да ги напушти „земјоделските маки“, да се огледа на мајка и, пратеничката Павлинка Честојнова и благовремено да стане дел од ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.
Ама не, не нè сфаќајте погрешно, не е протестот партиски, навистина е напатена земјоделкава.
Дека Пепица Честојнова не е „земјоделка“ потврдуваат и корисници на Фејсбук кои пишуваат дека „дотичната“, како и многу други на протестот, немаат никаква врска со земјоделство, туку со опозициската ДПМНЕ.
На протестот пред Влада , меѓу присутните претставници од ВМРО-ДПМНЕ беше Александар Трајковски (тежок земјоделец), кој во јавноста стана познат по тоа што беше еден од првите кој во Будимпешта го посети експремиерот, Орбановиот ни азилант, Никола Груевски.
Во продолжение, маките Танаталови на Честојнови… Очигледно е дека „ѕвездата“ на денешниот протест е од извонредно добростоечко семејство на функционери, далеку од земјоделието.
Неброено многу реакции беа објавени на социјалните мрежи.
Девојката, Пепица, е функционерка на партијата, исто така (реден број 25).
https://dnevno.mk/%d0%bf%d0%be%d0%b7%d0%bd%d0%b0%d1%82-%d0%bd%d0%be%d0%b2%d0%b8%d0%be%d1%82-%d0%b8%d0%ba-%d0%bd%d0%b0-%d1%83%d0%bc%d1%81-%d0%bd%d0%b0-%d0%b2%d0%bc%d1%80%d0%be-%d0%b4%d0%bf%d0%bc%d0%bd%d0%b5/?fbclid=IwAR3AgoMegjUibQXdU3VW-fdzP_SCN3WRD75Qy20hzEuYJBdcuAn-EfUXsxM
ФРОНТЛАЈН.МК