пишува: РИБАРО
Ќерка на пратеничка се од мајка делеше…
Каде ќерко по тие пусти земјоделски протести
Каде со тие скапи кошули
и тие бренд наочари…
Еве мајко одработувам за каузата, за тие мачни земјоделци,
за маката нивна и кошули и цвикери не жалам…
Немој ќерко не ме срами,
фејсбукот е даровен има архиви небришани,
небришани ем вековни…
Ќе пукне брука голема,
голема ем непреболена…
Ќе удрат луѓе сеири,
сеири ем ѓурултии,
ќе појди протестот лажовен,
земјоделска мака ќе испоганиме…
Не бери мајче гајлиња,
ние ќе товар насамариме,
товар од азно неброено,
неброено ем скриено.
Како мори ќерко скриено,
цела јавност на астал не распружу,
цела се брука зададе,
од тие пусти фејсбуци,
ништо скриено не ќе остане…
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK