ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

Форум за управување со интернет: Најголем непријател на лажните вести е вистината – да ѝ обезбедиме канали

Најголем непријател на лагата е вистината, и затоа напорите и политиките на сите засегнати страни треба да одат во насока на обезбедување канали за ширење на вистината. Треба да го поттикнуваме сомнежот и да создаваме критички настроена јавност која ќе има капацитети да ги препознава лагите и да ја шири вистината. Најважно е да се прашаме што можеме сите ние да направиме во борбата против лажните вести и дезинформации, сите засегнати од овој феномен, за да се справиме со оваа појава која сериозно ги поткопува демократските вредности, ја поттикнува омразата и конфликтите

October 28, 2019 18:33
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, МЕДИУМИ
Share on FacebookShare on Twitter

На третиот Форум за управување со интернет што денеска се одржа во Скопје со свој придонес на темите отворени на форумот, говореа министерот Роберт Поповски задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, заменик министерот за информатичко општество и администрација Александар Бајдевски, и Марјан Забрчанец посебен советник за односи со јавност на претседателот на Владата на Северна Македонија Зоран Заев, пренесува владиниот прес центар.

Министерот Поповски во своето обраќање рече дека иако терминот „управување“ подразбира дека управувањето со интернетот подразбира одредена рамка на правила, управувањето со Интернет мора да се погрижи Интернетот да остане глобален, отворен и слободен простор, и простор каде луѓето уживаат исти права и имаат ист степен на заштита.

„Во нашата земја, која не многу одамна имаше сериозни проблеми со слободата заради репресивните политики во сферата на медиумите и слободата на изразувањето, интернетот беше единственото место за слободоумната мисла. Затоа наша обврска е да ги направиме можностите на Интернет отворени за сите: Со намалувањето или целосното укинување на дигиталниот јаз, со гаранции за еднаков пристап и со овозможување придобивките од мрежата да им припаѓаат на сите. Без исклучок. Во таа насока на Форумот за управување со интернетот Македонија гледам како на точка од која на креирањето на нашата визија ќе и посветиме поизострен фокус и поголема енергија со колку што е можно пошироката инклузивност на сите засегнати страни. Интернет просторот им припаѓа на сите. Ниту една страна нема, ниту може да има ексклузивно право во оваа сфера“, рече министерот Поповски во своето обраќање.

Посебен акцент на овој настан министерот Поповски стави на справувањето со манипулативната пропаганда на интернет како мрежа преку која изворите на лажните вести се „пуштени“ на максимум.

Како една од мерките за борба против лажните вести од Планот за одлучна акција против ширењето на лажните вести на Владата на Северна Македонија ја издвои медиумската писменост која ќе биде многу позастапена во образованието, и дека во еден процес на активно партнерство со граѓанскиот сектор ќе се спроведат програми и тренинзи за медиумска писменост и за вработените во државната администрација.

Заменик министерот за информатичко општество и администрација, Александар Бајдевски, во еден дел од своето обраќање се задржа на имплементацијата на 5Г во Република Северна Македонија за значителен пораст на квалитетот интернетот за корисниците, за поголема сигурност и за проширување на бројот на понудени услуги за граѓаните.

„Клучната мерка за поддршка на Националниот оперативен бродбенд план е создавањето на јавна оптичка мрежа, која главниот фокус го става на максимизирање на поволностите од имплементацијата на 5Г, вклучително и развојот на економскиот пазар преку поддршка и развој на нови услуги во различни вертикални сегменти на пазарот“, истакна заменик министерот за информатичко општество и администрација, Александар Бајдевски.

Во делот на панелот на Форумот за управување со интернетот посветен на темата „Mедиуми – медиумска писменост, регулација – саморегулација – борба против дезинформации“, Марјан Забрчанец, посебен советник за односи со јавност на претседателот на Владата Заев, истакна дека владата тргнува од својата програмска и стратешка определба за објективно и транспарентно информирање за своето работење, и дека следејќи ги овие принципи од последна во регионот денеска е лидер по транспарентно работење и информирање на јавноста за своите политики.

„Најголем непријател на лагата е вистината, и затоа напорите и политиките на сите засегнати страни треба да одат во насока на обезбедување канали за ширење на вистината. Треба да го поттикнуваме сомнежот и да создаваме критички настроена јавност која ќе има капацитети да ги препознава лагите и да ја шири вистината. Најважно е да се прашаме што можеме сите ние да направиме во борбата против лажните вести и дезинформации, сите засегнати од овој феномен, за да се справиме со оваа појава која сериозно ги поткопува демократските вредности, ја поттикнува омразата и конфликтите.

Медиумската писменост е само една од мерките и за таа цел веќе е покрената иницијатива со граѓанскиот сектор кој има одлично искуство во оваа сфера, и со институциите на Владата, пред сѐ Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието, да се исцртаат контурите за најдобар, применлив и одржлив модел за медиумска писменост во образованиот процес“, информираше Забрчанец, и додаде дека во делот на соработката со медиумите на овој план, Владата целосно ќе ја поддржува саморегулацијата како методологија според која медиумите самите ќе понудат решенија според професионалните кодекси и стандарди, и во таа насока истакна дека е од особен придонес е листата на медиуми кои се придржуваат до овие начела што ја подготвуваат Советот за етика во медиумите и Здружението на новинарите.

 

 

 

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Османи: Владата направи огромна грешка што го постави македонскиот јазикот како алатка за дневна политика и популистичка егзибиција

July 4, 2025

Мицкоски: Време е за држава каде што ќе се раѓаат повеќе деца и младите да стапуваат во брак

July 4, 2025

Николовски: Власта удри по земјоделците, крати 478 милиони денари во ребалансот

July 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Македонски државјанин загина во сообраќајка во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Забрчанец: Имавме серија потврди за македонскиот идентитет од 2017 до 2024 – дали иницијативите на Мицкоски се осмислени за да не успеат?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Владата направи огромна грешка што го постави македонскиот јазикот како алатка за дневна политика и популистичка егзибиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сиљановска Давкова околу усвојувањето на извештајот во ЕП, вели „се е можно да се случи“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk