ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Ал Багдади погребан во море, исто како Бин Ладен

Во исламот, луѓето обично се погребуваат во земја, без ковчег, пред петдневниот период на молитви, но САД очигледно не сакаа гробот на ал-Багдади да стане светилиште за терористите, коментираат светските агенции.

October 29, 2019 11:50
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Посмртните останки на лидерот на Исламска држава Абу Бакр ал-Багдади се погребани во море, откако загина за време на воената операција на САД во неговиот камп во северозападна Сирија минатиот викенд, потврди денеска неименуван американски официјален претставник, пренесува МИА.

Властите не објавија детали за тоа кој американски воен брод бил користен за погребот, ниту во кое море е спуштено телото, но официјални лица за Еј-Би-Си Њуз изјавиле дека постапката била слична на онаа што се користела при положување на телото на основачот на Ал Каида Осама бин Ладен.

Во исламот, луѓето обично се погребуваат во земја, без ковчег, пред петдневниот период на молитви, но САД очигледно не сакаа гробот на ал-Багдади да стане светилиште за терористите, коментираат светските агенции.

Во 2011 година, телото на Бин Ладен беше спуштено во Северното Арапско Море од американскиот носач на авиони Карл Винсон.

Началникот на здружениот Штаб на американската армија Марк Мли денеска одби да каже дали телото на ал Багдади е погребано во море. Тој рече дека положувањето  на неговите посмртни останки и оти е извршено на соодветен начин, по дополнителни ДНК анализи на безбедна локација.

Во исто време, неименуван функционер на Стејт департментот рече дека по убиството на ал Багдади, бил ликвидиран и друг припадник на Исламска држава, Абу ел Хасан ел Мухајир.

Тоа се случило во заедничка акција на курдските и американските трупи, исто така во северна Сирија.

Next Post

Метју Палмер денеска во Скопје, важни средби со Димитров и Шекеринска

Shortcut

Најново

Израел: Преброени над 95% од гласовите, Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Постизборен Израел: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена

October 28, 2026
Суми, Украина, 27 октомври 2026 (ДСНС)

Студот и темнината како оружје на агресорот – Комисија на ОН утврди воени злосторства и злосторства против човештвото во нападите врз украинската енергетика

October 28, 2026
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk