ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Јавноста може да следи колку капитални инвестиции реализирал секој буџетски корисник

Новата алатка покажува колку од капиталните расходи предвидени со Буџетот секоја институција има реализирано досега – како процент од планираното и апсолутен износ, како и колку до крајот на годината треба да реализира

October 29, 2019 14:04
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

На веб страницата на Министерството за финансии денеска е објавена нова алатка за транспарентност преку која може да се следи реализацијата на капиталните инвестиции за секое министерство, дирекција, агенција, односно секој буџетски корисник одделно и преку тоа да влијае на институциите да го подобрат извршувањето.

Новата алатка покажува колку од капиталните расходи предвидени со Буџетот секоја институција има реализирано досега – како процент од планираното и апсолутен износ, како и колку до крајот на годината треба да реализира, соопшти денеска Министерството за финансии, пренесува МИА.

Објавените податоци покажуваат дека заклучно со септември се реализирани вкупно 37,64 проценти од предвидените капитални инвестиции, односно од 138.955.547 евра  од проектираните 369.208.020 евра. Алатката покажува дека министерството за информатичко општетсво и администрација реализирало 13,1 процент, за труд и социјална политика 21 процент, за земјоделство 24,16 проценти, за образование 30 проценти, за животна средина 33 проценти, за здравство 39,62 процента, за економија 55,87 проценти, за транспорт и врски 58,98 проценти, за финансиии 76,51 процент.

Министерката за финансии Нина Ангеловска неодамна ја најави оваа алатка, во насока на зајакнување на транспарентноста и на дисциплината на институциите да ги реализираат проектите кои ги најавиле при кроење на буџетот.

– Во дигиталната ера имаме широк простор за подобрување на фискалната транспарентност. Освен отченоста кон јавноста за трошењето на државните пари, фискалната транспарентност има улога и на коректор. Имено, ако јавноста лоцира дека одредена институција има помала реализација на капиталните инвестиции од очекуваното, преку јавното мислење ќе може да влијае на таа институција да го подобри перформансот. Се разбира, дека оваа алатка е само една од повеќето мерки за унапредување на процесите на буџетирање и извршување на Буџетот. Програмата за управување со јавни финансии вклучува бројни реформи меѓу кои и интегриран информациски систем за управување со јавни финансии, со кој ќе се подобри целокупниот процес од планирање до реализација на расходите, вели Ангеловска.

Алатката која ја покажува реализацијата на капитални инвестиции по институција на веб-страната на Министерството за финансии ќе објавува нови податоци на месечно ниво.  Таа може да се најде на   http://kapitalni-rashodi.finance.gov.mk/.

Капиталните расходи или капитални инвестиции, се расходите на буџетските корисници наменети за трајни добра како патишта, училишта, болници, водоводи, студентски домови, спортски објекти, апарати за здравството, опрема хардвер, софтвер…

Со ребалансот на Буџетот капиталните инвестиции беа намалени за околу 50 милиони евра и од претходно планираните 420 милиони евра беа проектирани на 370 милиони евра.

Next Post

Нова кривична пријава за претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Македонска Каменица

Shortcut

Најново

Пацови

August 11, 2026
Фото: Скриншот

Поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад осуден на смрт во отсуство

August 11, 2026

СДСМ предупредува на дива депонија во близина на изворот Рашче

August 11, 2026
Припадник на руските окупаторски сили (фото извор: Амб. на Украина)

Рускиот агресор подготвува нова изборна фарса во окупираните украински територии: „Избори“ под окупација и закана од оружје

August 10, 2026

ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

August 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk