ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

МТСП: Неколкукратно зголемен буџетот за превенција и заштита од семејно насилство

Претставничката од Министерството за труд и социјална политика Софија Спасовска во своето поздравно обраќање истакна дека Министерството за труд и социјална политика направи повеќе чекори со кои се подобрува положбата на жените во општеството. За таа цел неколкукратно се зголемени и средствата во Буџетот наменети за давателите на услуги. За 2019 година се предвидени 6,4 милиони денари, а во 2017 година биле предвидени само 1 милион денари

October 29, 2019 16:30
in ДЕНЕС, СОЦИЈАЛА, ФЕМИНА

Имплементацијата на постојниот Законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство, беше тема на дискусија на јавна расправа што денеска се одржа на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите во Собранието на Република Северна Македонија, соопшти Владата на Р.С.М.

Претставничката од Министерството за труд и социјална политика Софија Спасовска во своето поздравно обраќање истакна дека Министерството за труд и социјална политика направи повеќе чекори со кои се подобрува положбата на жените во општеството. За таа цел неколкукратно се зголемени и средствата во Буџетот наменети за давателите на услуги. За 2019 година се предвидени 6,4 милиони денари, а во 2017 година биле предвидени само 1 милион денари.

„Во 2018 година Северна Македонија ја ратификуваше Истанбулската конвенција, по што го усвои Акцискиот план за нејзино спроведување за период до 2023 година. Тука се предвидени конкретни активности, а посебен фокус во имплементацијата на акцискиот план е во националната легислатива и развивање на специјализирани сервиси за жртви на родово базирано насилство. За да ја имплементираме Конвенцијата истовремено развиваме и услуги. Имаме кризен центар во Скопје со престој 24/48 часа, СОС линија, 5 специјализирани сервиси за жртви на семејно насилство, а годинава согласно акцискиот план се воспоставени 8 сервиси во планските региони. До крајот на годината е предвидено на отворање на уште два сервиса. До крајот на годината предвидено е отворање на специјализирани сервиси во сите плански региони на територијата на државата. Досега се воспоставени 8 сервиси, а до крајот на 2019 ќе бидат отворени уште два“, рече Спасовска.

Спасовска потенцираше дека во тек е изработка на нов Закон со кој ќе бидат опфатени сите форми на насилство врз жената и дека за истиот наскоро ќе бидат отворени јавни дебати.

Покрај претставничката од Министерството за труд и социјална политика на јавната расправа воведно обраќање имаше и претседателката на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите Даниела Рангелова, Росана Дуџак, постојана координаторка на ОН во Република Северна Македонија и претставник од Министерството за внатрешни работи.

Next Post

„Синови на земјата“ од авторот Лукас Дајнс, промовирана во Тетово

НАЈНОВО

Црногорската полиција трага по македонски државјанин осомничен за обидот за убиство на Марко Љубиша Кан во Будва

August 15, 2025

Муцунски: Докажуваме дека сме мала земја која умее да постигне големи резултати, нашата земја е рангирана меѓу првите во Европа и шестта во светот по обем на гринфилд инвестиции во однос на БДП

August 15, 2025

Медиумите и изборите: Чувари на демократијата или алатка за манипулација – што е што во изборен контекст

August 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Од социјалните мрежи до коридорите на моќта: Престанете да ѝ кажувате на Украина да отстапи земја, почнете да ѝ кажувате на Русија да ја врати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • MРАЧЕН МЕДИУМСКИ ПЕЈСАЖ (2): Главен уредник – Александар Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карл Билд: Ако Трамп сака може да ја врати Алјаска на Русија, но нема никакво право да тргува со територијата на која било друга нација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уште еден отказ на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk