Од вечерва Интерпол ќе го бара Игор Спасов. МВР распиша меѓународна потерница по Игор Спасов, пренесе 24ТВ.
Никој не знае кога точно побегнал и каде се крие. На полноќ на 18-ти октомври во петок бил последниот рок за се пријави доброволно. Но, Спасов не ја поминал затворската капија.
Од Судот велат дека затворското писмо немало назнака „итно“. Дури вчера Спасов се најде на листата побегнати криминалци кои се бараат само во Македонија. Според информации на ТВ24, МВР попладнево повторно го информирало Судот дека поранешниот специјалец осуден на 14 години затвор не е пронајден, по што е испратено и барање за да се распише меѓународна потерница.
Игор Спасов е осуден на 14 години затворска казна за убиството на Нешковски, кое се случи на прославата на ВМРО-ДПМНЕ по победата на партламентарните избори во 2011 година.