Обвинителката Вилма Русковска во синоќешното интервју на ТВ 24 рече дека Обвинителството нема докази дека некој е виновен за бегството за поранешниот премиер Никола Груевски.
-Имаме одредени сознанија за бегството, но немаме докази. А сознанија без докази не можам да ги изнесам во јавност. Клучните докази кои ни беа потребни од Албанија не ги добивме. Другото со што располагаме се само сознанија и индиции. Ние испитувавме дали тие пропусти се направени како резулатат на кривично дело. Ние не успеавме да докажеме, бар до сега, дека било кој сторил кривично дело за бегството на Груевски, рече Русковска.