ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Светски ден на штедењето, депозитите на населението 4,5 милијарди евра

Македонската банкарска асоцијација и Фондот за осигирување депозити организираат настан на кој според најавите ќе се обратат министерката за финансии Нина Ангеловска, гувернерката на Народна банка Анита Ангеловска Бежоска и директорот на Фондот заосигирување депозити Борче Хаџиев

October 31, 2019 09:47
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Едукативни настани и кампањи за промоција на штедењето организираат денеска банките и институциите по повод Светскиот ден на штедењето, пренесе МИА.

Македонската банкарска асоцијација и Фондот за осигирување депозити организираат настан на кој според најавите ќе се обратат министерката за финансии Нина Ангеловска, гувернерката на Народна банка Анита Ангеловска Бежоска и директорот на Фондот заосигирување депозити Борче Хаџиев.

Настанот ќе биде збогатен и со едукативен дел за учениците од основните и средните училишта и за студетните со цел да се стимулира развивањето навики за штедење кај младите.

Во Зоолошката градина во Скопје, под мотото „Штедиме за сите наши желби“, „Халк банка“ приредува настан преку кој ќе им овозможи на основците од „Коле Неделковски” и „Кристијан Тодоровски-Карпош” и на децата од предучилишна возраст од градинките „Распеана младост” и „Орце Николов” да го откријат значењето на штедењето уште од најрана возраст.

Депозитите на населението во септември годинава изнесуваат 273,9 милијарди денари или 4,5 милијарди евра и бележат раст од 8,8 отсто во однос на септември минатата година, покажуваат податоците на Фондот за осигурување депозити, од каде што оценуваат дека граѓаните имаат доверба и ги чуваат парите во банките и покрај намалувањето на каматните стапки.

Повеќе од половина или 51,8 отсто од депозитите се во денари, а останатите 48,2 отсто се девизни. По видување се 51,1 отсто, а орочени депозити се 58,9 отсто. Според податоците на Народната банка, вкупните депозити на годишна основа во септември 2019 година се зголемени за 10,1 отсто, при евидентиран раст на кај двата сектора, со поизразен придонес на секторот домаќинства.

Next Post

Јапонскиот министер за правда поднесе оставака поради сопругата

Shortcut

Најново

Пацови

August 11, 2026
Фото: Скриншот

Поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад осуден на смрт во отсуство

August 11, 2026

СДСМ предупредува на дива депонија во близина на изворот Рашче

August 11, 2026
Припадник на руските окупаторски сили (фото извор: Амб. на Украина)

Рускиот агресор подготвува нова изборна фарса во окупираните украински територии: „Избори“ под окупација и закана од оружје

August 10, 2026

ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

August 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk