ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Тимоние: До нас е да разговараме за новите правила на игра, а до вас е да ги донесете законите против корупција

– Пред сè тоа што ние треба да го направиме е да разговараме меѓу нас за да ги смениме правилата на игра. Во исто време, ако вие од ваша страна може да направите напредок ќе биде уште подобро, посебно изборите да бидат успешни, што ќе биде еден знак повеќе за политичката стабилизација, рече Тимоние денеска во изјава за медиуми на Саемот за студии во Франција.

October 31, 2019 17:29
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Сега е на лидерите на ЕУ да разговараат меѓу себе за да ги сменат правилата на игра, изјави францускиот амбасадор Кристијан Тимоние, одговарајќи на новинарско прашање дали Франција ќе го промени својот став за прашањето за проширување до мај до Самитот на Унијта во Загреб, за кога европските лидери најавија дека повторно ќе се навратат на темата, пренесе МИА.

Тимоние вели дека и земјава треба да исполни одредени задачи – успешни избори и закони за борба против корупцијата, за кои вели дека усвојувањето би било многу силен сигнал. Тој и со критика дека во земјава се одржуваат премногу избори.

– Пред сè тоа што ние треба да го направиме е да разговараме меѓу нас за да ги смениме правилата на игра. Во исто време, ако вие од ваша страна може да направите напредок ќе биде уште подобро, посебно изборите да бидат успешни, што ќе биде еден знак повеќе за политичката стабилизација, рече Тимоние денеска во изјава за медиуми на Саемот за студии во Франција.

Според него, постојат одредени работи за кои има време оваа Влада да ги донесе до 3 јануари, а која дотогаш, како што рече, треба да работи во полн капацитет.

– Во секој случај значи може да се оди напред, да се оди во прогрес се разбира со едно добро разбирање помеѓу самите партии. Затоа што вие сите заедно треба на некој начин да го дефинирате вашиот национален интерес, со цел тој национален интерес да може да се носи на европско ниво, посебно тука се мисли на законите што треба да се донесат со двотретинско мнозинство . Посебно во однос на законите за борба против корупцијата, кои доколку може да се донесат би биле многу силен сигнал. Ние имаме пред се работа од наша страна за да ја ставиме во ред нашата куќа и вие треба да го носите вашиот поглед односно да го вперите кон европскиот хоризонт што е ваш, меѓутоа треба да се работи и да се засукаат ракавите, рече Тимоние.

Успешни избори, според него, се дел од глобалните критериуми за стабилизација на политичкиот живот.

– Тоа би било еден добар знак, но сосема сум во полна доверба дека сето тоа убаво ќе помине. Имате премногу избори, но секојпат сметам дека еден чекор погоре е поминат во создавање на една доверба во политичкиот систем, односно во демократскиот систем, оцени францускиот амбасадор.

Next Post

Штипски студенти присуствуваа на предавање на еден од најстарите фолклористи

Shortcut

Најново

Втората сезона на Eyes on Democracy почна со разговор за иднината на Украина и Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

August 28, 2026
Конц-логор Омарска, 1992, БиХ.

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026

Уште еден пациент почина од западнонилска треска, шести случај со смртни последици

August 27, 2026
Илустрација Фронтлајн

Нафтен танкер погоден од непознат проектил во Ормуската Теснина

August 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦРВЕН АЛАРМ НА ТЕРЕН: Се водат исцрпувачки битки со огнот, 9 активни пожари низ земјата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Една година под истрага, а без обвинение: Кој ќе ја надомести штетата на осомничените во „Мазут“?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk