ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Деспотовски за прогресивното оданочување: Нема ништо спорно ако воведете мерка, го увидите ефектот и одлучите да ја смените

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, пак, оцени дека враќањето на рамниот данок е предизборен популизам и уште една потврда за погрешните економски политики на СДСМ.

November 1, 2019 22:20
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Одлуката за одложување на прогресивното оданочување не е популистичка, туку базира на анализи направени во Министерството за финансии. Нема ништо спорно ако воведете некаква мерка, а потоа увидите каков ефект има и решите да ја смените, рече директорот на Фондот за иновации, Јован Деспотовски во вечерашното гостување на „Топ тема“, пренесе МИА.

Според Деспотовски, легитимен е ставот на поранешниот министер Драган Тевдовски искажан на неговиот фејсбук профил, зашто проектот го чувствува како свој.

-Интересот на граѓаните не може да се смета за популистички. Она што е денеска презентирано како пролонгирање на рокот базира на анализи направени во Министерството за финансии. Левичарската политика во случајов апсолутно не е доведена во прашање. Не сум сигурен дека државава и нашиот животен стандард може да дозволат да левичариме многу. Одговорен политичар ќе каже дали има ефект или не од некоја мерка. Во делот на собирањето на средствата се работело како што треба, но промената е во делот на трошењето, истакна директорот.

Според него, Владата е пријателски настроена кон домашната економија, а не е пробизнис ориентирана.

-Со рамниот денок не е засегната само бизнис заедницата, туку и голем број луѓе од кои имаше реакции зашто им се одземаат дел од средствата што ги заработуваат. Верувам дека тие ќе бидат први што ќе го поздрават ваквиот чекор, дополни Деспотовски.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, пак, оцени дека враќањето на рамниот данок е предизборен популизам и уште една потврда за погрешните економски политики на СДСМ.

– Три години СДСМ води погрешна економска политика. Се гледа јасен очај, сите анкети покажуваат дека граѓаните не живеат подобро и компаниите не работат подобро, а новата министерка Ангеловска слуша наредби од Заев и Анѓушев и на некој начин е жртвено јагне за спроведување на политиките кои наидоа на негирање од нејзиниот претходник Тевдовски, рече Арсовски. 

„Владата е пријателска настроена кон домашната економија. Многу млади беа засегнати од начинот на кој се спроведуваше прогресивниот данок. Не е важно кој ја донел мерката, важно е што велат граѓаните. Концептот не е напуштен, прашањето е на време, дали економијата е спремна за реализација. Интересот на граѓаните не е популизам, популизам е ако се расфрлате со парите на граѓаните.(……..) Над 300 домашни компании вработуваат над 15.000 луѓе, таква економија поддржуваме преку Фондот за иновации. Компаниите кои добија поддршка од државата плаќаат данок дома и остваруваат раст на сите нивоа. Фирмите враќаа 5% од приходот назад во фондот за иновации“, рече Деспотовски.

Next Post

Претежно облачно со повремен локален дожд

Shortcut

Најново

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 12, 2026
Фото: СКРМ

СКРМ и Министерството ќе формираат работни групи за Колективниот договор и Законот за култура

August 12, 2026

Пацови

August 11, 2026
Фото: Скриншот

Поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад осуден на смрт во отсуство

August 11, 2026

СДСМ предупредува на дива депонија во близина на изворот Рашче

August 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk