ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Дорис Пак: Во интерес на ЕУ е Северна Македонија да стане дел од Унијата

– Северна Македонија и државите од Југоисточна Европа ги гледам ако дел од ЕУ. Тоа логички се подразбира поради нивната позиција и мора да се потрудиме тоа да се случи по пат на мир, стабилност и демократско владеење. Само така може да станат дел од ЕУ. Не би сакала да споменувам која би била другата варијанта, за жал тоа е она што се случи во 90-те години, истакна Пак.

November 1, 2019 13:26
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во наш интерес, интерес на ЕУ, е држави како Северна Македонија и соседните земји да станат дел од Унијата, изјави денеска претседателката на организацијата на жените на Европската народна партија (ЕПП Жени), Дорис Пак на маргините на Третиот македонско-германски форум што денеска се одржа во Скопје, пренесе МИА.

– Северна Македонија и државите од Југоисточна Европа ги гледам ако дел од ЕУ. Тоа логички се подразбира поради нивната позиција и мора да се потрудиме тоа да се случи по пат на мир, стабилност и демократско владеење. Само така може да станат дел од ЕУ. Не би сакала да споменувам која би била другата варијанта, за жал тоа е она што се случи во 90-те години, истакна Пак.

Потенцирајќи дека никогаш не била поврзана со политичарите во земјава, туку со луѓето, Пак оцени дека нејзина желба е она што се случи на последниот Самит на ЕУ „да биде повик на будење за политичарите“ дека конечно треба да работат за она за што се избрани и да ги решаваат проблемите на својот народ.

– Тука мислам на политики во здравството, образованието, подобрување во правосудството, со цел луѓето да се почувствуваат важни, да бидат среќни и повторно да ги гласаат политичарите. На тој начин ќе се добие едно посилно „да“ за влез во ЕУ, додаде Пак.

Одговарајќи на новинарско прашање, Пак нагласи дека не чула од опозицијата или од некого во земјава дека се залага за членство во Евроазиската економска унија (ЕАЕУ), иако, како што рече, можно е такво нешто да биде поттикнато од рускиот претседател Владимир Путин.

– Логички ако размислите каде се наоѓа Северна Македонија. Значи, која е логиката да не одите со ЕУ кога сте среде Европа, туку преку други држави да одите кон Азија. За мене тоа е голема глупост. Нелогично. Доколку ние не продолжиме да се залагаме и да ја повлечеме Северна Македонија во нашата ЕУ, ќе отвориме простор за други играчи кои ќе сакаат своите цели и моќи да ги исполнат тука, порача Пак.

На прашање околу Преспанскиот договор, Пак истакна дека не слушнала некој од ВМРО-ДПМНЕ или нејзиниот лидер да рекле дека го спорат или сакаат „да го турнат“. – Не гласа „за“, но никогаш не рекоа дека нема да го спроведуваат, затоа што тоа е завршена работа, рече Пак.

Според неа, името на државата е решено и политичарите сега треба да работата за доброто на народот.

– Да сум политичар тука точно ќе знам што треба да направам и кои работи да ги преземам, истакна Пак.

Next Post

Филипче: Во тек е изградба на нова хируршка сала и реновирање на болничкиот оддел на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија

Најново

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

April 21, 2026
Анаис. Мотив, Битола, чаршија

Дневен хороскоп со Анаис – 21 април 2026

April 21, 2026

Почина новинарката Гордана Дувњак

April 21, 2026

СДСМ: Граѓаните скапо ги плаќаат „бајките“ на Мицкоски додека трошоците за живот растат

April 20, 2026

Поповски: Убедлива победа на Радев во Бугарија – „Прогресивна Бугарија“ освои самостојно мнозинство

April 20, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk