ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Нови промени, нападот врз новинари ќе биде напад врз службени лица

Овие измени се планират во насока на подигнување на нивото на безбедноста на новинарите и медиумските работници во земјава, кои често пади во минатото биле цел на напади и закани од разни нивоа, вклучувајќи и поранешни високи владини функсионер

November 1, 2019 18:00
in МЕДИУМИ, ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Здружението на новинарите на Македонија, Синдикатот на новинарите и Министерството за правда, работат на подготвување на законски измени во кривичниот законик со кој нападот врз новинарите ќе биде третиран како напад врз службени лица.

Овие измени се планират во насока на подигнување на нивото на безбедноста на новинарите и медиумските работници во земјава, кои често пади во минатото биле цел на напади и закани од разни нивоа, вклучувајќи и поранешни високи владини функсионер.

“Во таа насока, во соработка со Синдикатот и министерството за правда работиме на измена на кривичниот законик со цел нападите врз новинарите да се сметаат како напад врз службени лица. Од друга страна соработуваме и со Академијата на судии и јавни обвинители со кои одржуваме обука за примена на европската пракса на судиите и јавните обвинителите, но и на адвокатите и новинарите со што придонесуваме да имаме судска пракса во согласност со европски практики.

Исто така новинари и правни експерти во соработка со МВР моментално работат на креирање на протоколот за односи меѓу полициските работници и полициските службеници”, изјави Младен Чадиковски, претседател на ЗНМ.

Од друга страна Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, потврди дека Владата и раководството на Министерството за внатрешни работи се ангажирани во обезбедување на безбедноста на медиумските работници.

„Всушност МВР, односно ние како актуелно раководство на институцијата уште при почетокот на нашиот мандат јасно дадовме на знаење дека таа соработка и комуникација се на самиот врв на агенда на активности што сакаме да ја реализираме во насока на реформирањето на полицијата. И тоа го покажавме не само преку примерот со експедитивното расчистување на нападите во периодот на 2017 година, туку истовремено ги интензивираме соработката и дијалогот со претставници на медиумските здруженија со цел да изградиме оптимален партнерски однос во интерес на јавноста и граѓаните”, изјави Спасовски.

А. Зеќири

Next Post

Владата решително против загадувачите

НАЈНОВО

Втор извештај на ЦИВИЛ: Починати лица во Избирачкиот список, повреда на тајноста на гласањето, пријави за притисоци и непристапни избирачки места

November 2, 2025
ФОТО: РФМ

Македонските кадети се пласираа на ЕП во ракомет

November 2, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Јаник Синер со двоен триумф: Победа во финалето во Париз и враќање на врвот на АТП-листата

November 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИ не е Гугл, туку соработник: Како да ја користите вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Чудото до пирамидите: Египет официјално го отвори „Grand Egyptian Museum“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk