Поради асфалтирање на дел од улиците „Бихаќка“ и „Црниче“, на потегот од улицата „Фредерик Шопен“ до подвозникот, овој дел од улицата денеска ќе биде затворен. Сообраќајот ќе биде пренасочен по околната улична мрежа, пренесе МИА.
Град Скопје информира дека посочената делница ќе биде затворена за сообраќај 24 часа.
Градските власти апелираат до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената патна сигнализација и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.