ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Клиничката болница Битола доби нов мамограф, следниот месец во функција ќе биде ставен акцелераторот

Станува збор за современ апарат со најдобри карактеристики што овозможува дијагностиката да се одвива многу прецизно и со точни резултати

November 4, 2019 20:25
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Клиничкатa болница-Битола прераснува во сериозен медицински центар кој нуди врвни здравствени услуги, a со новата технологија даваме нов квалитет на услугата, истакна министерот за здравство Венко Филипче за време на неговиот престој во Битолскиот медицински центар каде промовираше нов мамограф за скрининг на карцином на дојка, пренесе МИА.

Филипче посочи дека станува збор за современ апарат со најдобри карактеристики што овозможува дијагностиката да се одвива многу прецизно и со точни резултати.

– Овој апарат го добивме преку ИПА проект за прекугранична соработка и освен мамографот, со овој проект се добива можност за интегрирање на информациските системи меѓу Клиничката болница-Битола, болницата во Гевгелија и неколку здравствени институции во Грција. На овој начин ги подобруваме релациите и комуникацијата со здравствените институции во Грција, изјави Филипче.

Нагласи дека меѓународниот проект се совпаѓа со проектите што се во функција на реформата во примарното здравство каде акцентот е ставен на превентивните програми.

– Со реформата што ја спроведовме во примарното здравство, преку зголемување на капитациониот бод заради стимулација на матичните лекари и имплементирање на новата методологија на нивно функционирање, веруваме дека во периодот што следи превентивните програми значајно ќе се подобрат и ќе имаме можност да работиме на рано откривање на многу болести, пред се малигните болести, затоа што за многу малигни болести кај мажите и жените рано откривање со современата терапија може да значи и целосно излекување. Нема повеќе пациенти кои што чекаат за терапија за малигни болести како што тоа беше до пред некоја година, а со новите лекови целосно се покриени нивните потреби, има прволиниска и второлиниска терапија, а за таа терапија, добар дел од пациентите порано беа упатувани во странство, рече Филипче.

Најави дека во текот на следниот месец во Клиничката болница во Битола во функција ќе биде ставен акцелераторот чија инсталација е во завршна фаза.

За платите на здравствените работници рече дека во следниот период заеднички ќе се разговара за зголемување на платите од почетокот на следната година.

– Во наредниот период заеднички ќе разговараме за зголемувањата на платите од почетокот на следната година и согласно нашето ветување за 100.000 денари плата за лекар специјалист. Не само за лекарите во Клинички центар, туку за сите специјалисти ширум државата и во сите јавни здравствени институции и на сите нивоа. Но, сакам да нагласам дека не ги забораваме општите лекари, ниту медицинските сестри бидејќи следи период во кој ќе разговараме за тоа како сумата на пари ќе биде распределена, изјави Филипче.

Next Post

Бензините поскапуваат, а дизелот поевтинува

Shortcut

Најново

Дина Дума е првата македонска режисерка што ја добива „Nora Ephron Award“ на „Tribeca“ фестивалот во Њујорк

June 13, 2026
Илустрација Фронтлајн

Владата на САД итно ги блокираа напредните AI модели Fable 5 и Mythos 5 на „Антропик“ поради национална безбедност

June 13, 2026

Нула денари штета и загадување – Случајот „Мазут“ од почеток до крај: Што покажуваат фактите?

June 13, 2026

Во Скопје ќе се одржи форум за безбедност за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

June 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 8 јуни 2026: Нова деловна иницијатива и силен социјален полет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk