ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Рангелова: 80 проценти од жртвите на трговија со луѓе се жени искористени за сексуално ропство

Итно треба да се обезбеди обештетување и интеграција на жртвите од трговијата со луѓето, се констатираше во денешната панел – дискусијата по повод одбележувањето на 70-годишнината на Советот на Европа посветена токму на оваа тема

November 4, 2019 13:45
in ОПШТЕСТВО, ДЕНЕС, ПРАВДА, ФЕМИНА
Share on FacebookShare on Twitter

Итно треба да се обезбеди обештетување и интеграција на жртвите од трговијата со луѓето, се констатираше во денешната панел – дискусијата по повод одбележувањето на 70-годишнината на Советот на Европа посветена токму на оваа тема.

Даниела Рангелова претседателката на собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите која е коорганизатор на дебатата заедно со Канцеларијата на „СЕ“ во земјава и Амбасадата на Франција, истакна дека бројот на жртви на трговија со луѓе во земјава рапидно расте. Таа како и францискиот амбасадор, заклучија дека Северна Македонија, има добра законска регулатива, но потребно е уште многу работа на ова поле.

Рангелова потсети дека 80 проценти од жртвите на трговија со луѓе се жени искористени за сексуално ропство а не ретко жртви се и децата. “Проблемот со трговијата со луѓе е многу важно прашање кое не ја засега само нашата држава, туку треба да се решава на регионално и меѓународно ниво.

Важно е да се идентификува дури и потенцијалната жртва на трговија со луѓе за да може да се превенира, но доколку има жртва потребно е со интерсекторска соработка и со домашните организаци и на регионално и меѓународно ниво да се спречи тоа дело. Важно е и тие што се жртви на трговија со луѓе да можат да се интегрираат во општествниот живот”, истакна Рангелова.

Советот на Европа е моралната совест на Европа и затоа посакуваат што позајакната улога на ова институција во спротивставување на секакво насилство врз жените како и поголема полова еднаквост, рече Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние.

Тој посочи дека токму на овие теми многу посветено ке работат и за време на француското претседавање со Советот на Европа. „РСМ постигна значителен напредок на нормативен план затоа што државта ја ратификуваше Истанбулската конвенција што е многу важно прашање за постигнување поголема еднаквост меѓу мажите и жените и борба против секаков вид насилство врз жените. Претстои уште работа особено во поглед на донесувањето на законот за обесштетување на жртвите.

И Франција секојдневно работи на воспоставувањето на нормите и нивното спроведување во пракса, затоа што во однос на реалната состојба, се уште постои одредена разлика меѓу напишаното во текстовите и состојбата на терен”, изјави Тимоние.

Дискусијата ја следеше и потпретседателката на Сенатот на Франција Елен Конве-Муре, која денеска е во Скопје на средби со пратеници и првиот парламентарец Талат Џафери.

„Борбата против секаков вид насилство врз жените е борба која што ние ја водиме во Франција, но исто така и борба за еднакви можности”, реце Конве-Муре. Тоа потсети дека е универзална борба која ги обединува сите држави.

Македонија ја ратификува Истанбулската конвенција и таа е во сила од 1 јули 2018 година, а земјата треба да го донесе и законот за исплата на паричен надоместок на жртви од насилни кривични дела, кое вклучува и обесштетување на жртвите на трговијата со луѓе.

Овој законот се израбитува од страна на работна група во Министерството за правда. До крајот на годината предлог законот треба да се испрати во Собрание за да ја добие подршката од мнозинството пратеници.

А. Зеќири

Next Post

Сасоли: Ве молам не губете надеж и не се откажувајте од европската иднина

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk