ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Сасоли: Северна Македонија треба и мора да ги почне преговорите со ЕУ

November 4, 2019 18:48
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Северна Македонија треба и мора да ги започне преговорите за членство во Европската унија. Одлуката тоа да не се случи, може да биде променета за неколку месеци. Тој период државата треба да го искористи за да започне и со други реформи и да не дозволи реформскиот процес да запре, порача претседателот на Европскиот парламент Давид Сасоли кој е во официјална посета на земјава.

„Таа одлука не е пропаст или пораз, туку некаков вид застој. Ние сме посилни затоа што на наша страна се сите европски институции, кои се убедени дека Северна Македонија мора и треба да го започне процесот на преговори за членство во Европската унија, затоа што со неа владеат сите карактеристики и сите услови за тоа да се случи“, рече Сасоли на заедничката прес-конференција по средбата со премиерот Зоран Заев, јавува МИА.

Тој вели дека одредени земји почнуваат да ги преиспитуваат своите ставов и позиции по однос на ова прашање, што, како што рече, е доста позитивно.

„Ние имавме доверба и верба во почетокот на претпристапните преговори во рамки и на последниот совет, но, очекуваме за неколку месеци да се смени одлуката. Тоа ќе им овозможи на институциите да започнат со други реформи, да не запира процесот. Ние на нашиот хоризонт имаме заеднична иднина. Ние имаме заеднички хоризонт“, рече Сасоли.

За тоа колку е голема поддршката на Сасоли и на Европскиот парламент за нашата земја, како што рече Заев, говори фактот дека Северна Македонија е првата земја што ја посетува новоизбраниот претседател на европскиот дом на демократијата.

„Оваа посета е одлична прилика да ја изразиме нашата благодарност до Европскиот парламент, до сите европратеници кои гласаа за Резолуцијата со која ги повикаа членките на ЕУ да започнат преговори со Северна Македонија и со Албанија, откако таквата одлука не беше донесена на октомвриската сесија на Европскиот освет и на самитот на лидерите на земјите членки на ЕУ“, рече Заев.

Посочи дека не е лесно да се продолжи без структуирани и систематски притисоци што ќе ги донесеа претпристапните преговори, но, како што додаде Заев, ние велиме дека нема алтернатива.

„Мора да продолжиме дури и посилно со реформите со докази дека во земјата владее правото, дека имаме силни аргументи за напредокот во економијата. Тие реформи ни се најпотребни заради нас дома“, рече премиерот.

Соочени сме, како што посочи тој, со нови предизвици и ќе докажеме дека сите постигнати резултати досега се одржливи и неповратни.

„Ќе докажеме дека нема отстапување од нашите стратешки насоки кон Европската Унија и НАТО. Ќе се соочиме со очекуваната критика и притисок на анти ЕУ и ретроградни сили и ќе ги совладаме. Имаме доволоно внатрешна сила за понатамошни реформи, за борба против корупцијата и за владеење на правото. Тоа ќе бидат нашите резултати и аргументи дека нашето место е во ЕУ. Ние веруваме во вредностите на ЕУ и убедени сме дека новата шанса за нашата земја ќе биде отворена наскоро“, рече премиерот Заев.

Претседателот на Европскиот парламент Сасоли во земјава е на посета на претседателот на Собранието Талат Џафери. Сасоли утре ќе се обрати на пленарна седница пред пратениците во Собранието.

Next Post

Заев – Курти: Добрите односи и новите иницијативи за соработка меѓу двете земји се од исклучително значење за Западен Балкан

Shortcut

Најново

Денот по Денот на мирот

September 22, 2026

Самит за Крим во Њујорк: Политичкиот прогон, милитаризацијата и деокупацијата во центарот на меѓународната агенда

September 22, 2026
Сања Божиновска (фото: https://energy.gov.mk)

Броила, „Руднап“ и 13,2 милиони евра: Каде лежи зајакот во судирот Божиновска – СДСМ?

September 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – до 2 октомври

September 22, 2026

Неверојатно но вистинито: Убедлива победа на Путин!

September 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чалам на виткање, карактер на расклопување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk