ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Татин математичар (епизода 3)

Не е непознато дека Татиниот математичар бил како кутре на средбата на лидерите на која се договорија предвремените избори, делел комплименти „шаком и капом“ за храброста и одговорноста на премиерот, а без збор го проследил излагањето за европските пофалби за реформите во земјата. Не е непознато и тоа дека цивкал и молел брзите предвремени избори, сепак, да не се одржат брзо, туку дури во април (што е супер апсурдно). Непознато е само како му успеало, од мирно и ласкаво кутре, да се претвори во валкан пропагандист веќе во првите шеесет секунди по крајот на лидерската средба. Тоа заслужува сериозни стручни анализи. Веројатно и третман.

November 4, 2019 12:55
in ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

„Бара избори, па цвика, потоа спинува, а на крајот ќе биде уплакана мивка…“ – ми вели еден пријател кој порано беше лојален и активен член на вемерето од кого и го позајмив начинот на кој понекогаш ја нарекувам неговата некогаш најомилена играчка – партијата. Своевремено, често знаеше да ми го каже оној филмски цитат: „Задирај ми в децата, задирај ми в жената, в партијата ми не задирај!“ Сега, приказната му е сосема поинаква. Можеби некогаш и ќе ви ја раскажам. Таа иста партија за малку ќе го чинеше сѐ што вистински му значи на еден човек…

Многу вода протече од романтичните вемеровски денови и години на жесток, но до некаде и наивен, национал-шовинизам. Сега, партијата ја предводи еден Татин математичар, кој мојот пријател не може да го смисли и за кој вели дека, ако Груевски ја отепа партијата, тој ќе ја дотепа.

Ако некогаш горчливо се смеевме на оној графит во центарот на Скопје, „Љубчо ни стави крст, Грујо ни дигна споменик“, сега можеме и громко, со не помалку горчина, да се смееме на „математиките“ на татиното синче.

Чудесно е како Татиниот математичар успева, со евтини трикови и лоша глума, да ги спинува фактите и да ги избегне сите, ама баш сите, крајно непријатни прашања. Лудо е како јавноста не успева да најде трошка сили да им одолее на крајно здодевните повторувања и да му каже „аман веќе, те слушнавме и првиот пат“, „не ти поминува ова, братче“ или едноставното „затни муцката/мицката веќе еднаш“…

Секој ден, по многупати, истата мрачна мантра… Истиот, ужасно мрачен настап, ѓоа Потоп ја сотрел древната ни Македонија. И лаги, клевети, патетично бладање, омраза и закани. Таму некаде има и малку студено гушкање со омразените. Навистина, тие се за гасни комори, не глас да им дадеш, ам то ти је. На страна гушкањето, најмногу од сѐ, можеме да посведочиме на црна и валкана пропаганда како во „најдобрите“ времиња на Грујо.

Среќа негова што живее во демократска држава во која пиарот не се поистоветува со пропаганда, па може да ломоти што сака и колку сака. Среќа негова што најголем дел од невладините се покажаа какви фолиранти се и не би направиле ништо без да видат добра сума пари. Среќа негова што општеството е сѐ уште замелушено и во посттрауматски стрес… Несреќата е во тоа што сѐ што е среќа за Татиниот математичар е несреќа за сите останати.

Колку тој ќе биде среќен, сепак, зависи од тоа колку ќе му дозволи општеството и системот тој да ужива во среќата да се збогатува со пари и моќ.

Слично како во времето на неговиот газда Грујо, и Татиниот математичар, сепак, и во драматично изменети услови, успева да ужива во плодовите од сопствената неодговорност, бајатост и насилништво. Ги поседува и практикува истите валкани начини на кои државата своевремено неговата партија ја присвои за себе, ја зароби, фрлајќи го во заборав мојот пријател од почетокот на оваа „епизода“.

Силни се тоа математики, равенки со повеќе познати и непознати. Колку и да се смееме ние на гротеската што тој и неговите ја играат секој ден на јавната сцена, равенството е, за сега сѐ уште, на страната на мракот, барем додека божицата Правда не замавне со мечот. Со 9 (девет) месеци блокирање на законот за Јавно обвинителство, со „генијалната“ идеја за изборни реформи со 120 изборни единици, со непознат број милиони стекнати од бизнисот со хидроцентралите добиени на познат начин, со непознат број милиони стекнати по продажбата на тој бизнис, со непознат број тајни средби со босот од Будимпешта, Гајсер и други мрачни ликови од европската радикална десница… Со непознат број милиони обезбеден од домашни и странски спонзори за антимакедонска кампања за попречување на интеграциите, но сепак доволно познати методологии на брутална пресметка со фактите и реалноста кои никако не му одат во прилог. Неговите равенки, сепак, се погрешно поставени, а откако ќе се стави знакот еднакво, на десната страна од равенката ќе се појави резултат од кој ќе му се заврти во главата.

Не е непознато дека Татиниот математичар бил како кутре на средбата на лидерите на која се договорија предвремените избори, делел комплименти „шаком и капом“ за храброста и одговорноста на премиерот, а без збор го проследил излагањето за европските пофалби за реформите во земјата. Не е непознато и тоа дека цивкал и молел брзите предвремени избори, сепак, да не се одржат брзо, туку дури во април (што е супер апсурдно). Непознато е само како му успеало, од мирно и ласкаво кутре, да се претвори во валкан пропагандист веќе во првите шеесет секунди по крајот на лидерската средба. Тоа заслужува сериозни стручни анализи. Веројатно и третман.

За сега, тој и неговите поданици, што босот од Будимпешта му ги даде на користење привремено, сѐ уште уживаат во слабостите на системот кој тие самите го создадоа и од кој никогаш не заминаа. Иако никогаш не се смее, како ни неговите најблиски соработници и следбеници на култот кон парите и моќта, извесно е дека Татиниот математичар бескрајно ужива во својата неказнивост, благодарение на медиумско-курирската децибелажа и општиот политички дебилитет во Северна Македонија.

 


Сите права се задржани. Преземањето е возможно само со писмена дозвола од Редакцијата.

Next Post

ЕУ-експертите согласни: Француското вето е дел од битката за моќ на Макрон во ЕУ

EVN

НАЈНОВО

Бовино и дел од агентите на Граничната патрола се повлекуваат од Минеаполис

January 27, 2026

Како контроверзна тинејџ секс сцена од „Good Time“ ги раздели режисерите браќата Сафди

January 27, 2026

Сидни Свини се искачила на холивудскиот знак во ЛА и закачила градници

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk