ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

January 25, 2026 16:00
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Сопствениците на мали трговски малопродажни објекти – киосци, тобако продавници, мини-маркети и други семејни бизниси – остро реагираат на Нацрт-законот за заштита од пушење, предупредувајќи дека предложените решенија ќе имаат сериозни економски последици и можат да доведат до масовно затворање на продавници и отпуштање вработени.

Според нив, новите одредби за начинот на продажба, изложување и комуникација на тутунските и никотинските производи директно ја загрозуваат егзистенцијата на малите трговци низ целата земја. Станува збор за над 4.000 мали и средни бизниси, покажуваат податоците на Стопанската комора на Северна Македонија, при што значителен дел од нивните приходи произлегуваат од долгорочни договори со тутунската индустрија .

Забрани без алтернативи

Нацрт-законот предвидува целосна забрана за изложување на цигари, тутунски и никотински производи, како и на уредите за нивна употреба. Производите ќе мора да се чуваат во непроѕирни, затворени шкафови, без надворешно осветлување, боја или елементи што привлекуваат внимание. Дополнително, во малопродажните објекти нема да биде дозволен никаков брендинг или комуникација што навестува продажба на овие производи.

Малите трговци оценуваат дека ваквиот пристап ги казнува оние кои со години работеле легално и инвестирале значителни средства за усогласување со постојните законски прописи.

„Инвестициите стануваат бескорисни“

Трговците посочуваат дека изминатите години вложиле сериозни финансиски средства во уредување на продажниот простор, витрини и безбедносни системи, прилагодени токму за продажба на тутунски производи.

„Со новите законски ограничувања, овие инвестиции практично стануваат бескорисни. Вложувањата се направени со кредити и задолжувања, а ваквата нагла промена за многумина значи сериозни финансиски проблеми и затворање на бизнисите од кои егзистираат цели семејства“, реагираат малите трговци .

Нејасни исклучоци и селективна примена

Како сериозен недостаток на законското решение, трговците го истакнуваат делот со кој се предвидува дека забраните нема да важат за специјализираните продавници за тутун и никотински производи, без притоа да се дефинира што точно значи „специјализирана продавница“.

Нема јасни критериуми за нивната големина, локација, ниту пак е прецизирано дали постојните објекти може да се прилагодат за таков статус, што, според трговците, отвора простор за различни толкувања и селективна примена на законот.

Без преоден период – ризик од хаос

Посебна загриженост предизвикува фактот што Нацрт-законот не предвидува преоден период за прилагодување.

„Промената на деловниот модел не може да се направи преку ноќ. Потребни се месеци, па и година за прилагодување. Без преоден период, трговците ќе мора нагло да ги раскинуваат годишните договори, да го преуредуваат просторот и да го отстрануваат брендингот, што води кон финансиски колапс и отпуштања“, предупредуваат сопствениците на мали продавници .

Што со залихите?

Отворено останува и прашањето за ароматизираните тутунски и никотински производи, чија продажба се забранува со новиот закон. Трговците прашуваат што ќе се случи со веќе набавените залихи за кои се платени сите давачки, бидејќи законот не предвидува ниту преоден рок за продажба, ниту механизам за нивно враќање или обештетување.

Малите трговци апелираат до законодавецот да изнајде поправедно решение, со јасни критериуми, реална проценка на последиците и задолжителен преоден период, за да се избегне удар врз илјадници семејни бизниси низ земјата.

Next Post

СДСМ: Изолацијата на Мицкоски во Давос покажа колку му слугува на Орбан

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk