ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

January 26, 2026 06:30
in ZOOM IN, ДЕНЕС, СВЕТ
Фото: Wikimedia Commons

Фото: Wikimedia Commons

Share on FacebookShare on Twitter

Поранешниот претседател на САД Барак Обама остро реагираше по убиството на американскиот државјанин Алекс Прети, од агентите на ICE, оценувајќи го настанот како „срцекршечка трагедија“, но и како сериозно предупредување за состојбата со владеењето на правото и основните вредности во САД.

„Убиството на Алекс Прети е срцекршечка трагедија. Но, тоа треба да биде и повик за будење за секој Американец, без разлика на политичката припадност, дека многу од нашите основни вредности како нација се сè повеќе под напад“, напиша на Фејсбук Обама.

Тој нагласува дека федералните служби за спроведување на законот и имиграциските агенти имаат сложена и тешка задача, но дека од нив се очекува да постапуваат законски и одговорно.

„Американците очекуваат тие да ги извршуваат своите должности на законит и одговорен начин и да соработуваат, а не да се спротивставуваат на државните и локалните власти за да се обезбеди јавната безбедност“, наведува Обама.

„Тоа не е она што го гледаме во Минесота“

Обама посочува дека во Минесота се случува токму спротивното од она што го налагаат законот и демократските стандарди.

„Со недели, луѓето низ целата земја со право се згрозени од спектаклот на маскирани припадници на ICE и други федерални агенти кои дејствуваат без одговорност и користат тактики што изгледаат како намерно осмислени да заплашуваат, вознемируваат, провоцираат и да ги доведат во опасност жителите на еден голем американски град“, наведува поранешниот претседател.

Тој потсетува дека дури и поранешниот главен правен советник на Министерството за внатрешна безбедност во првата администрација на Доналд Трамп ваквите постапки ги опишал како „срамни, беззаконски и сурови“.

Критика до администрацијата и ескалацијата

Обама оценува дека овие, како што ги нарекува, преседански тактики резултирале со смртта на двајца американски државјани – Алекс Прети и Рене Гуд – и ја критикува актуелната администрација поради начинот на кој реагира.

„Наместо да се обидат да воведат дисциплина и одговорност кај агентите што ги распоредија, претседателот и актуелните владини претставници изгледаат подготвени да ја ескалираат ситуацијата, нудејќи јавни објаснувања за убиствата кои не се засноваат на сериозна истрага и кои, според видео-доказите, директно им противречат“, наведува Обама.

„Ова мора да престане“

Во пораката, Обама повикува на итна промена на пристапот.

„Ова мора да престане. Се надевам дека по оваа последна трагедија, претставниците на администрацијата ќе го преиспитаат својот пристап и ќе почнат конструктивно да соработуваат со гувернерот Волц, градоначалникот Фреј и со државната и локалната полиција, за да се спречи понатамошен хаос и да се постигнат легитимни цели во спроведувањето на законот“, пишува тој.

Поддршка за мирните протести

Обама упати и јасна поддршка до мирните протести што се одржуваат во Минеаполис и во други делови од САД.

„Секој Американец треба да ги поддржи и да црпи инспирација од бранот мирни протести. Тие се навремен потсетник дека на крајот, од нас како граѓани, зависи да се спротивставиме на неправдата, да ги заштитиме нашите основни слободи и да ја повикаме власта на одговорност“, порача поранешниот американски претседател.

Next Post
Илустрација Фронтлајн, генерирана со ВИ

Што донесоа првите разговори Украина–Русија–САД, што е договорено и што следува

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk