Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, Христијан Мицкоски и Али Ахмети, не се присутни на собраниската дебата за една изборна единица, иако како што рече претседателката на Дом, Лилјана Поповска, покана била испратена на сите лидери на политичките партии. Поддршка на дебатата единствено дојде да даде претседателот на СДСМ, Зоран Заев, пренесува ЦИВИЛ Медиа.
„Ги поканивме сите тројца лидери на големите парламентарни партии, ДУИ, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Бараме поддршка од сите, промените на изборниот модел треба да ги донесеме заеднички. Според нас, ова е најдобриот модел, нај фер за сите, затоа и сметаме дека на сите ќе им одговара”, рече Поповска.
На дебатата покрај 12 пратеници кои се иницијатори на оваа идеја, присутни беа и независните пратенички Емилија Александровска и Нола Исмајлоска Исени, Даниела Рангелова од ВМРО-ДПМНЕ, како и пратеникот Амди Бајрам. Свој претставник на дебатата пратија од Алтернатива на Африм Гаши, ПЕИ и Турската демократска партија.
12 пратеници поднесоа иницијатива за една изборна единица. Бараат и да нема изборен праг, како и отворени листи и 50 отсто застапеност на жените. Сметаат дека сегашниот модел не ја отсликува реалноста кај гласачкото тело. Свесни се дека пред избори не се менува изборен модел и дека за претстојните избори немада им биде прифатено барањето, но бараат да важи за идните избори.
Целиот текст можете да го прочитате на ЦИВИЛ Медиа.