ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Конве-Муре за МИА: Франција наскоро ќе даде зелено светло за НАТО, за ЕУ не е против, но бара време

Разбираме дека сигналот кој што беше даден е многу негативен и не сакаме тоа да предизвика реакција против Франција и против нејзиниот став, но таа порака треба да биде сфатена дека не станува збор за негативна активност кон Македонија.

November 5, 2019 10:09
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Разбираме дека сигналот кој што беше даден е многу негативен и не сакаме тоа да предизвика реакција против Франција и против нејзиниот став, но таа порака треба да биде сфатена дека не станува збор за негативна активност кон Македонија. Франција смета дека сите земји од регионот се дел од европскиот континент, но неопходно е денес за ЕУ да се реформира внатре, вели во интервју за МИА Елен Конвe-Муре, заменик претседател на францускиот Сенат и член на Комисијата за надворешни работи, одбрана и вооружени сили, која е во дводневна посета на земјава.

-Не станува збор за вето, ниту за одбивање од страна на Франција, затоа што Франција не сака да го блокира процесот, туку само се изјасни негативно во однос на прашањето, затоа што можеби денес ЕУ не е подготвена да прифати нови земји членки и неопходно е да се видат одредени критериуми кои што ќе помогнат да се пристапи кон членство и прифаќање на нови земји – кандидати, вели сенаторката Конве-Муре појаснувајќи го недоделувањето датум за Скопје и Тирана на октомврискиот Самит на ЕУ.

Во однос на можноста наскоро Париз да ги изнесе своите предлози за новата методологијата за проширување, француската сенаторка вели дека извршната власт сигурно работи на тоа, но таа како член на Сенатот воопшто не е во можност да зборува за рокови.

– Она што можам ви го кажам е дека постои потреба за ургентност за која што е свесна извршната власт во Франција за да може да се напредува колку што е можно побрзо, за да се донесе појаснување за она што се очекува од Македонија и Албанија, вели Конве-Муре.

Комплетирањето на ратификацијата на Протоколот за членство на нашата земја во НАТО во француското Собрание откако тоа го направи францускиот Сенат, Конве-Муре појаснува дека според консултациите со нејзините колеги од француското Собрание, ќе зависи од агендата на Собранието, но смета дека би се случила многу брзо и не би имало никаков проблем. Сепак, не може да каже дека е тоа можно пред самитот на Алијансата во Лондон.

-Можеби, но не можам да го потврдам тоа, не можам да ви дадам точен датум затоа што моите колеги од француското Собрание немаат фиксна дата. Она што можам да ви го кажам е дека нема да има никаков проблем  за гласањето во француското Национално собрание, посочува заменик претседателката на францускиот Сенат Елен Конве-Муре.

Во интервјуто што подоцна денеска МИА ќе го објави во целост заедно со видео материјалот од разговорот, Конве-Муре зборува и за билатералната соработка во одбраната и безбедноста, за фокусот на Француската агенција за развој која треба набрзо да почне да функционира.

Next Post

Заев: За нас нема друга алтернатива, ќе докажеме дека припаѓаме во ЕУ

Shortcut

Најново

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

Мицкоски: Продолжуваме со субвенционирање на авиолинии и отворање на нови

June 29, 2026

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола станува симбол на развојот на Пелагонија

June 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk