ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Автобусот на Дурмо турс имал вграден уред со кој се манипулирала брзината на движење на тахографската лента

– Не знам кој вградил таков уред. Мене не ми беше потребен и не користев. Знам дека во двата автобуса што ги возев имаше таков уред што се активира со копче на левата страна на воланот, изјави сведокот Џемаил Салии.Прашан дали можеле да заменат гума или однесат автобус на технички преглед без да знае Ремзи Мифтари, сведокот рече не, појаснувајќи дека за се му кажувале на Ремзи.

November 6, 2019 15:31
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Во автобусот на Дурмо турс имаше вградено уред со кој се манипулирала брзината на движење на тахографската лента, изјави на денешното рочиште за автобуската несреќата кај Ласкарци еден од возачите, што на денот на несреќата со истиот автобус на Дурмо турс возел на релацијата од Гостивар до Скопје, пренесува МИА.

Тој кажа дека биле група од тројца возачи на тој автобус и сами воделе и пополнувале тахографска лента и патен налог за секоја релација.

– Не знам кој вградил таков уред. Мене не ми беше потребен и не користев. Знам дека во двата автобуса што ги возев имаше таков уред што се активира со копче на левата страна на воланот, изјави сведокот Џемаил Салии.

Прашан дали можеле да заменат гума или однесат автобус на технички преглед без да знае Ремзи Мифтари, сведокот рече не, појаснувајќи дека за се му кажувале на Ремзи.

Претходно беше сослушан сведок, кој со приватен автомобил возел зад автобусот на Дурмо турс.

Сведокот кажа дека бил сам во возилото и возел во средната лента позади автобусот и не приметил ништо невообичаено кај автобусот, како чад, истекување или друго нешто.

– Видов како оди по средната лента и добив впечаток како да претекнува. Кога стигнав на крај од кривината видов како веќе автобусот ги имаше пробиено заштитните огради, изјави сведокот.

Посочи дека потоа застанал на десната помошна лента и истрчал да помогне.

На дел од сослушувањето на сведокот, обвинителот побара вкрстено да го испраша поради неконзистентност на неговиот денешен исказ со тој во Обвинителството. Судот го прифати, но настана технички проблем со микрофоните во судницата и јавноста не можеше добро да го следи понатамошниот дел од сослушувањето, кое сепак продолжи. Откако заврши со прашања јавниот обвинител, судот даде пауза од 15 минути, а по паузата повторно се продолжи со вкрстени прашања од одбраната.

На прашање од одбраната, бидејќи претходно кажал дека се движел со брзина од околу 70-75 километри на час, да објасни дали со таа брзина му се доближувал или одалечувал на автобусот, сведокот не можеше точно да каже.

– Не можам точно да кажам. Јас возев со ококу 75 – 80 километри на час, изјави сведокот, објаснувајќи дека го гледал автобусот во задниот дел, но не може да каже дали го стигал или не.

Случајот го води судијката Диана Груевска Илиевска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Дарко Јакимовски.

На денешното испитување на повредената патничка и по реакциите на јавниот обвинител дека бранителите не би требало да си приговараат едни на други кога поставуваат прашања, дел од адвокатите на обвинетите реагираа дека тие имаат различни одбрани и дека доколку понатака во постапката бидат ослободени, може да се приклучат и на страната на прогонот.

За автобуската несреќа што се случи на 13 февруари, годинава кај селото Ласкарци, во која загинаа 16 лица, а 37 беа потешко повредени обвинети се шест лица.

Сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, одговорниот за транспорт во фирмата Ремзи Мифтари и возачот на автобусот Маноел Трифуновски се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, додека тројцата вработени во станицата за технички преглед Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски за соучество во истото дело.

Next Post

Жбогар: Рано е да се зборува за нова методологија, ЕУ останува тука со или без датум за преговори

Shortcut

Најново

ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

November 15, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk