Можам да ве уверам тезата дека Дрисла го загадува Скопје е неточна. Одговорно тврдам и жалам што имаше некакви изјави од одредени политичари дека се увезува радиоактивен отпад, дека се гори радиоактивен отпад, дека се увезува опасен индустриски отпад, дека на Дрисла има шест печки, дека Дрисла не знам што е Чернобил“, изјави директорот на Дрисла, Горан Ангелов, на дебатата во рамки на кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“, пишува Телма.
Горан Ангелов тврдеше дека депонијата Дрисла не е загадувач на животната средина, а и дека во околината на скопската депонија има почист воздух отколку во населбата Аеродром каде живее директорот.
Инструментите на мерните станици во повеќе градови не работат, студентските домови и оваа грејна сезона се греат на мазут, многу мерки на хартија но не и во пракса – беа дел од ставовите на еко активистите на дебатата за аерозагадувањето, каде што на иста маса дебатираа со функционеритее во чија надлежност е борбата против загадениот воздух, објави Телма.
Целиот текст можете да го прочитате тука.