ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

„Најлудо“ се вози на Скопската обиколница, нови бројачи за брзина и фреквенција

Автоматските бројачи, заклучно со средината на септември, покажуваат просечен годишен дневен сообраќај (ПГДС) со по околу 16.000 возила, а како најоптоварени со сообраќај меѓу државните патишта се делниците Велес – Петровец, Тетово – Гостивар и Миладиновци – Хиподром. По нив со околу 15.000 возила следат Скопје – Тетово, со околу 14.000 Велес – Градско, со околу 13.000 клучката Гевгелија до границата со Грција, Хиподром – Петровец…

November 6, 2019 09:18
in ЕКОНОМИЈА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Со брзина од 150 километри на час се движеле над 13.300 автомобили на Скопската обиколница во текот на септември годинава. На патот Тетово – Гостивар, пак, со брзина од 150 километри на час возеле 3.921 возило. Вкупната фреквенција на сите патишта во државава заклучно со септември годинава изнесува 490.735 возила, покажуваат податоците од автоматските и мобилните бројачи што ги поставува на патиштата Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), пренесува МИА.

Автоматските бројачи, заклучно со средината на септември, покажуваат просечен годишен дневен сообраќај (ПГДС) со по околу 16.000 возила, а како најоптоварени со сообраќај меѓу државните патишта се делниците Велес – Петровец, Тетово – Гостивар и Миладиновци – Хиподром. По нив со околу 15.000 возила следат Скопје – Тетово, со околу 14.000 Велес – Градско, со околу 13.000 клучката Гевгелија до границата со Грција, Хиподром – Петровец…

ЈПДП има податоци за бројот и категоријата на возилата, брзината со која се движат и сообраќајното оптоварување на 170 патни делници на државните патишта што ги добиваат од автоматските бројачи поставени на 70 локации и од петдневно броење на возилата, во текот на една година со мобилни бројачи на 99 патни делници на државните патишта.

– Тоа ќе бидат показателите, кои заедно со податоците добиени од Системот за управување со патишта (Road Asset Menagment System), врз чија основа во иднина ќе имаме предвид каде и какви рехабилитации треба да се прават, а не според нечии желби, вели за МИА директорот на ЈПДП, Зоран Китанов.

Со тоа, како што појаснува, ќе имаат слика за сите идни активности. Оптоварувањето, зависно дали е големо или не, ќе покаже каков асфалт треба да се користи при активностите. Тешкиот сообраќај оштетува и многу е важно да се знае со каква густина се става асфалт на одредена локација. Со тоа наута покажува каде, колку и како треба да се рехабилитира и реконструира, а не според нечија желба, прецизира Китанов.

ЈПДП почна да ги поставува автоматските бројачи од мај годинава. Во коловозот се  поставени сензори (индуктивни јамки и пиезо-сензори), со кои се врши мерење на должината на возилата и бројот на осовините на возилата, што е основа за категоризирањето на возилата во девет. Со автоматските бројачи на возила се вршат мерења на 70 локации, перманентно, односно 24 часа 365 дена во годината. Проектот за кој е потпишан договор во 2017 година е во вредност од 550 илјади евра.

Со мобилни бројачи, пак, се вршат мерења на помалку фреквентните патишта. Тие се поставуваат на столбови на сообраќајни знаци и се оставаат 24 часа да собираат податоци, по што се исчитуваат и бројачот се поставува на друга локација. Тоа се прави пет дена во годината и се добиваат податоци за број на возила кои се движат по патот, пет категории на возила, како и брзина со која се движат. Детекцијата ја вршат со радарски систем. Со нив се заменува досегашното рачно броење.

– За целата патна мрежа на државните патишта имаме податоци за бројот на возила, категоријата и за брзината на движење. Податоците за брзината се користат за подобрување на безбедноста во сообраќајот, а ќе ги даваме на Министерството за внатрешни работи затоа што токму брзото возење е главна причина за сообраќајните несреќи, објаснува Кирил Каркалашев, помошник-раководител во секторот за одржување и наплата на патарина во ЈПДП.

Обновени 500 километри пат, тендери за нови 19 делници

Покрај податоците од автоматските и мобилните мерачи во подготовката на Програмата за рехабилитација на државните патишта ќе се земат предвид и наодите од проектот Систем за управување со патишта. Сите досегашни расположливи податоци за патиштата во дигитална форма се прегледани и трансформирани во новиот референтен систем и се прегледни во РАМС-системот. Извршени се мерења на целокупната патна мрежа од 4.384 километри, како и мерење на тежината на возила во движење на 20 различни локации со цел да се утврди видот и интензитетот на сообраќајното оптоварување.

Изминатите две години се обновени 500 километри патишта. Заклучно со октомври беше завршена рехабилитацијата на 12 патишта со вкупна должина од 118 километри и вкупна вредност од 14,4 милиони евра, заеднички проект со Светска банка.

Кон средината на месецов треба да бидат заокружени проектите за подобрување на состојбата на 19 патни делници низ цела држава во должина од 334 километри, по што ќе стартуваат тендерските постапки. Активностите на терен се планираат за почетокот на новата градежна сезона. Тие се спроведуваат со програмата од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), а финансиската конструкција изнесува 68 милиони евра.

Во тек е објава на тендери за реконструкција на 12 моста и изградба на четири нови, на Пчиња и на Вардар.

Нов закон за автопатот Кичево – Охрид, тендерски постапки за Кичево – Гостивар и Скопје – Блаце

Реализацијата на капиталните инвестиции на ЈПДП заклучно со септември годинава изнесува над 60 проценти, но тие не влегуваат во капиталните расходи на Буџетот. За најкрупниот тековен проект на ЈПДП, автопатот Кичево – Охрид, во собраниска процедура е Предлог-закон за гаранција од нашата држава на обврските по Договорот за заем за дополнително финансирање меѓу Експорт-импорт банката на Кина и ЈПДП. На таа автопатска делница досега има прогрес на градежните работи од 75 проценти, а пробиени се 96 проценти од трасата. Првите километри од Врбјани до Охрид треба да бидат готови наредната година, а целиот проект до крајот на јуни 2021 година.

Според најавите, до крајот на годинава треба да биде заокружена тендерската постапка за изградба на првата делница од автопатот Кичево – Гостивар, на потегот од Кичево до село Букојчани, а градежните работи да стартуваат кон средината на идната година. На 29 месецов, пак, треба да заврши повторениот тендер за првата фаза од автопатот Скопје – Блаце.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Од скопјани се бара да штедат вода, но речиси 40 проценти се загуби во системот, а само 37 отсто се фактурира

July 18, 2025

Ројтерс: Руските сили ја презедоа контролата врз три украински села низ повеќе региони

July 18, 2025

Од 1 септември учениците ќе имаат учебници по странски јазици

July 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Костадин Костадинов на ФБ

    Костадинов се заблагодари на Владата и Мицкоски за поддршката на стратешките проекти во Струмица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како може да е лажна вест кога го кажува токму она што јас го мислам?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мишел и Барак Обама се пошегуваа со гласините дека се пред развод

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Родителите на жртвите од трагедијата во „Пулс“: Премиерот ни рече – ‘Одредете си цена за вашите деца’

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Гардијан“: Осум здрави бебиња родени преку вонтелесно оплодување со ДНК од три лица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk