ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Чичко (Рашковски) пушти летки!

Вкупната математика во овој, за нас, „бесплатен“ летачки бизнис-план сè уште не ми е сосема разбирлива. Но, јасно е дека начинот на кој Владата, со (непотребно?) криење на целосни информации, го комуницира проектот со јавноста, го води кон нова, слатка, предизборна политичко-корупциска афера којашто во јавноста само ќе расте, како што расте тестото кога се пече гибаница.

November 7, 2019 09:30
in ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Неколку пати ги читам и препрочитувам извештаите од вчерашната „хеликоптерска“ прес-конференција на генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, и никако не успевам да сватам каква е бизнис-логиката на јавно-приватното партнерство меѓу македонската држава и приватната шведска компанија за летање хеликоптери која во наредните 8 години, без денар трошок за нас, би требало да ги сервисира македонските спасувачко-медицински летачки интервенции… Таа компанија, во првите шест месеци, се обврзува да инвестира 9 милиони евра во овој проект, во што спаѓа купување на два нови наменски хеликоптери, а потоа осум години и да ја финансира целата операција – а нас таквиот првокласен спасителско-медицински интервентен сервис би нѐ чинел нула (и со цифра: 0) денари?!

Во животот научив дека бесплатните услуги, потоа, излегуваат најскапи, како што во политиката нема ручек за беспари. Па, во недостаток на проверени, официјални информации, почнав да вртам некои телефони…

Ако сум добро информиран од „летачки“ кругови, шведските инвеститори во нивниот проект предвидуваат вработување на околу 60 луѓе, со 5 ротирачки посади на пилоти, механичари, доктори и сл. Само нивните плати без 100-тина илјади евра месечно не би можеле да се покријат. Годишно: барем 1 милион и 200 илјади евра. За времетраењето на договорот од 8 години само по овие ставки би дале уште десетина милиони евра. Уште толку се веројатно и другите трошоци за тековни и вонредни одржувања на хелиодромите и двете летала, за лиценци, разно-разни давачки, трошоци на експлоатација итн. Сè заедно – бајаги милиони!

Но, не сум знаел, ама научив, дека од Македонија кон (главно) Запад и Турција годишно со медицински специјализирани авиони летаат 60-70 пациенти (странски државјани на разни мисии во земјава, наши државјани со двојни државјанства, но и здравствени осигуреници од Косово) кои се носители на странски скапи медицински осигурувања и чии трошоци за ваквите летови ги покриваат тие осигурителни компании. Во зависност од дестинациите, таквите летови се меѓу 10 и 20 илјади евра по интервенција, што му доаѓа околу еден милион евра годишно. Тоа, главно, се прави со специјализирани авиони, но очигледно е дека хеликпотерскиве инвеститори веројатно сметаат и на дел од овој здравствено-осигурителен колач за интервентно покривање на дестинации не поголеми од некои 500 километри.

Потоа, надлежната европска Евроконтрол агенција, ако ми се точни набрзина собраните информации, годишно ѝ уплатува на државава околу 2 милиони евра за спасителско-медицински летачки потраги и интервенции, како дел од меѓународните договорни обврски на кои е потписник Македонија. И со години по ред нè предупредуваат дека таа област на делување не ни е добро организирана, иако ние за тоа сега се „покриваме“ со импровизациите на воените и цивилните хеликоптери со кои располага државата. Можно е во физибилити студијата на Швеѓаните – таа студија која државата љубоморно ја крие – да се рефлектира заработка и од овие фондови.

Ако добро сфаќам, а тоа никој јасно не го кажува, можно е Македонија да преземе некаква обврска за дополнителни фондови за овие интервенции преку покачување на цената на патарините за возилата (на пример, десетина денари плус на секоја платена патарина) со кои ќе се покријат хеликоптерските итни интервенции при тешки сообраќајни несреќи во кои – „бесплатно“! – би летале овие хеликпотери.

Дополнително, на граничните премини би се вовела понуда за здравствено „хеликоптерско“ осигурување на оние странци кои би сакале – недај Боже! – да ја користат оваа услуга, без дополнителни трошоци за неа.

Вкупната математика во овој, за нас, „бесплатен“ летачки бизнис-план сè уште не ми е сосема разбирлива. Но, јасно е дека начинот на кој Владата, со (непотребно?) криење на целосни информации, го комуницира проектот со јавноста, го води кон нова, слатка, предизборна политичко-корупциска афера којашто во јавноста само ќе расте, како што расте тестото кога се пече гибаница. Опозицијата тендерот, со очекувано претерување, веќе го прогласи за скандал од „нови украдени 72 милиони евра“ – и нема како да им се налутите, бидејќи и СДСМ истото би им го влепиле да се во опозиција.

Плус г. Рашковски, со својата тешко прикриена ароганција во комуникацијата и мистификацијата на своите експертизи во разни тендерски области, кого новинарите „од старт“ го доживуваат како размавтана црвена крпа пред налутен бик… Рецепт за катастрофа во владините односи со јавноста!

 


ПРЕЗЕМАЊЕТО (делумно или во целост) НА КОЛУМНИТЕ ОД САШО ОРДАНОСКИ Е ЗАБРАНЕТО ЗА СИТЕ ПРЕД 12 ЧАСОТ НА ДЕНОТ НА НИВНОТО ОБЈАВУВАЊЕ. 
Сите права се задржани. Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО, освен со писмена дозвола од Редакцијата FRONTLINE.MK
Next Post

Облачно со повремен дожд

Најново

СДСМ: Со укинувањето на техничката влада, државата капитулираше пред криминалот

April 29, 2026

Собранието изгласа укинување на техничката влада 

April 29, 2026
Фото илустрација Фронтлајн

Ново од „Безбеден град“: Код за верификација при регистрација на возилата за точна достава на казните

April 29, 2026

Филков: СДСМ свесно ги блокира реформите во изборното законодавство  

April 29, 2026
Фото ССМ

ССМ повикува на масовен протест за 1 Мај: 260.000 работниците преживуваат со плата под 600 евра

April 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk