ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Исмаили: Обновата на конаците на Трескавец при крај

Денеска со гордост може да кажеме дека процесот на обновата на конаците на манастирот Трескавец го доведовме до крај. Конзерваторските работи, реставрацијата во објекти од овој тип се навистина макотрпни, долго траат, бараат умешност и средства. Другото што останува, конзервацијата на црквата „Успенеие на пресвета Богородица“ фазно ќе се решаваат, рече Исмаили.

November 8, 2019 20:57
in РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Процесот на обнова на конаците на манастирот Трескавец го доведовме до крај, изјави министерот за култура Хусни Исмаили при неговата прва посета на прилепските културни институции и на манастирот Трескавец кој три и пол години се гради со околу два милиона евра, средства обезбедени од Министерството и од државата, пренесува МИА.

– Денеска со гордост може да кажеме дека процесот на обновата на конаците на манастирот Трескавец го доведовме до крај. Конзерваторските работи, реставрацијата во објекти од овој тип се навистина макотрпни, долго траат, бараат умешност и средства. Другото што останува, конзервацијата на црквата „Успенеие на пресвета Богородица“ фазно ќе се решаваат, рече Исмаили.

Манастирскиот комплекс не може да биде официјално ставен во употреба затоа што не е решено едно од најголемите прашања, односно водоводот до манастирот, за што, според отец Калист, кој е единствениот жител на манастирот, има проект од 2012 година.

– Интензивно работиме на решавање на тоа прашање за да обезбедиме финансиски средства за реализација на проектот за водоснабдувањето кој е готов уште во 2012 година, изготвен од прилепската локална самоуправа, вреден околу 108.000 евра. Како инвеститор се јавува токму општина Прилеп. Станува збор за изградба на каптажа во Расадникот. Тоа е старата чешма што ја изградил уште 1827 година Христо Бомбол од Прилеп. Тоа е на оддалеченост од околу 500 метри од манастирот и водоводот треба да се качи до Трескавец, низ карпите каде треба да биде изграден новиот резервоар со капацитет од околу 90 метри кубни вода. Се надеваме, доколку напролет ќе се обезбедат средства и ќе може до празникот „Голема Богородица“ во август да се пуштат во употреба обновените конаци, вели отец Калист.

Според министерот Исмаили, проектот за водоводот не е обврска на Министерството, но, како што рече, ќе се потрудат да помогнат, а потребно е и активно вклучување на локалната заедница.

– Нашите обврски се завршени до крај. Секогаш излегуваат непредвидени работи, како што се пречистителната станица во манастирот, трафостаницата, можеби и нешто друго. Иако не е тоа наша обврска, ќе се обидеме во рамки на нашите можности, да го актуализираме прашањето за да најдеме заедничко решение. Притоа, мора да се напомене дека и другите институции се должни да го помогнат овој процес, почнувајќи од градоначалникот, локалните институции, приватните компании, странските донатори. Владата и премиерот секогаш се на ставот да се помогне во ваквите процеси, но треба да се побара помошт и од повеќе страни, рече Исмаили.

Next Post

Нуредини се извини во 360 степени, немал намера да бега

Shortcut

Најново

Пацови

August 11, 2026
Фото: Скриншот

Поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад осуден на смрт во отсуство

August 11, 2026

СДСМ предупредува на дива депонија во близина на изворот Рашче

August 11, 2026
Припадник на руските окупаторски сили (фото извор: Амб. на Украина)

Рускиот агресор подготвува нова изборна фарса во окупираните украински територии: „Избори“ под окупација и закана од оружје

August 10, 2026

ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

August 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk