ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА

Излеаната течност во „Охис“ ќе се пакува во соодветно пакување, инспекторите утре повторно на терен

Инспекциските служби интервенираа по дојава од жителите кои утрово почувствувале непријатна миризба во околината на фабриката.

November 8, 2019 20:48
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Државниот инспекторат за животна средина попладнево информираше дека при извршениот увид во фабриката „Охис“ земен е примерок од страна на лабораторијата на МВР кој ќе биде испитан, а правниот субјект е задолжен да работи на терен цела ноќ за да целата излеана течност биде преточена во соодветно пакување. Утре, како што најавуваат од Инспекторатот, ќе биде направен контролен инспекциски надзор, пренесе МИА.

Попладнево, во кругот на фабриката асистираше и Единицата за атомско-биолошка и хемиска одбрана на Армијата по барање на надлежните за мерење на загаденост на почвата.

Инспекциските служби интервенираа по дојава од жителите кои утрово почувствувале непријатна миризба во околината на фабриката.

Според Инспекторатот за животна средина, истекувањето се случило на локација каде фирма од Скопје препакувала и отстранувала историски отпадни хемикалии во течна состојба кои се неупотребливи и останати од поранешната фабрика, а кои ќе се извезуваат во странство. Истечена е вода од цистерна во која претходно бил складиран метил акрилат мономер. При миењето на цистерната попуштил вентил и течноста се излеала во бетонска када која е надвор од објектот поради што се почувствувала непријатна миризба во околината.

– Историскиот течен опасен отпад е безбедно преточен во специјални ADR буриња од страна на правниот субјект Екоцентар 97, Скопје (http://ekocentar97.mk/), во август месец годинава, врз основа на одобрен Елаборат за животна средина од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање како изведувач на активностите, во депото каде беше лоциран историскиот течен опасен отпад, а во соработка со подизведувачот бугарската фирма Сириус Стар од Русе. Преточувањето на течниот опасен историски отпад од старите буриња безбедно се направи со соодветна опрема во нови ADR специјални буриња кои се сместени во затворен наменски магацин и истите се обележани согласно Правилникот – Листа за видови отпад. Активностите беа проследени со вонреден инспекциски надзор од страна на Државниот инспекторат за животна средина. Складираните буриња е планирано да се извезат надвор од државата согласно важечките законски процедури за извоз од Законот за управување со отпадот, велат од Инспекторатот за животна средина.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

УНИЦЕФ ги критикуваше плановите за преземање на дистрибуцијата на хуманитарна помош во Газа

May 9, 2025

Пешачење по јадење помага во регулирањето на шеќерот во крвта

May 9, 2025
Скриншот

Тимоти Шаламе доби награда „Давид“ за извонредни достигнувања

May 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Спротивставувајќи се на Трамповата Америка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Роберт Превост, новиот папа?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Честит Ден на победата во Европа, 8 Мај и Честит Ден на Европа, 9 Мај

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Идентитетот на новиот папа ќе го објави кардиналот Доминик Мамберти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Парадата на победата во Москва ги разобличува руските инсталации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk