ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

МОН и СОНК се договорија: Наставниците ќе имаат зголемување на платите од 1 јануари

Адеми рече дека наставниците заслужуваат повисоки плати и дека секогаш МОН ќе биде на нивна страна, но дека засега се тие можностите.

November 8, 2019 15:12
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

 Вработените во основното, средното и високото образование ќе го добијат новото покачување на платите од 10 проценти од 1 јануари 2020 година, договорено е на денешната средба во Министерството за образование и наука помеѓу ресорниот министер Арбер Адеми и претставниците од Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) предводени од нивниот претседател Јаким Неделков, пренесе МИА.

По едно и полчасовната средба министерот Адеми изјави дека се работи за историски момент затоа што ова е трето покачување по оние што наставниците ги добија минатиот и овој септември од по пет проценти, нагласувајќи дека се работи кумулативно за зголемување од 21,3 проценти во еден мандат. За поместувањето на исплатата за три месеци, во јануари наместо во април како што беше претходно предложено, во Буџетот ќе бидат одвоени дополнителни 1,4 милијарда денари.

Адеми рече дека наставниците заслужуваат повисоки плати и дека секогаш МОН ќе биде на нивна страна, но дека засега се тие можностите.

– Се враќа дигнитетот на наставничката професија. Горди сме што интензивно преговаравме со СОНК за наставниците да имаат достоинствени плати, истакна Адеми по средбата со претставниците на СОНК.

Тој потсети и на зголемувањето на платите на вработените во седум научни институти за 25 проценти за што Владата донесе одлука пред две недели.

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков е задоволен од исходот на неколкуте досегашни средби коишто, рече, биле тешки и најважно е што со постигнатиот договор нема да се активира штрајкот што беше најавен за 11 ноември.

Тој истакна дека со постигнатиот договор не е затворено прашањето, туку тоа е почеток за отворање на нови прашања за други проблеми на вработените и членовите на Синдикатот, како што е регресот за годишен одмор, трошоците за превоз до работното место, реалното вреднување на наставници во комбинирани паралелки, за дополнителни часови во наставата итн.

Next Post

Заев од Женева: ЕУ испрати сигнал дека за регионот нема друга алтернатива

Shortcut

Најново

Рускиот агресор подготвува нова изборна фарса во окупираните украински територии: „Избори“ под окупација и закана од оружје

August 10, 2026

ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

August 10, 2026

СДСМ поднесе кривична пријава против Клековски, Андоновска, Лазов и Амети за случајот со водата во Гостивар

August 10, 2026

Битка за минатото и слепило за иднината

August 10, 2026

СДСМ обвинува за погрешено знаме на прославата, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа дека е уметничка инсталација

August 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Им симнувам капа на РКМ“: Сведочења за случајот „Мазут“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk