ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

СОНК нема да го активира штрајкот што беше најавен за 11 ноември

Вработените во основното, средното и во високото образование ќе го добијат новото покачување на платите од 10 проценти од 1 јануари 2020 година, договорено е на денешната средба во Министерството за образование и наука помеѓу ресорниот министер Арбер Адеми и претставниците од Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) предводени од нивниот претседател Јаким Неделков

November 8, 2019 16:20
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Вработените во основното, средното и во високото образование ќе го добијат новото покачување на платите од 10 проценти од 1 јануари 2020 година, договорено е на денешната средба во Министерството за образование и наука помеѓу ресорниот министер Арбер Адеми и претставниците од Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) предводени од нивниот претседател Јаким Неделков.

По едно и полчасовната средба министерот Адеми изјави дека се работи за историски момент затоа што ова е дополнително, трето покачување по оние што наставниците ги добија минатиот и овој септември од по пет проценти, нагласувајќи дека кумулативно платите се зголеми од 21,3 проценти во еден мандат.

За поместувањето на исплатата за три месеци порано, во јануари наместо во април како што беше претходно предложено, во Буџетот ќе бидат одвоени дополнителни 1,4 милијарда денари.

Адеми рече дека наставниците заслужуваат повисоки плати и дека секогаш МОН ќе биде на нивна страна, но дека засега се тие можностите. Тој потсети и на одлуката за зголемување на платите на вработените во седум јавни научни институти за 25 проценти која Владата ја донесе пред две недели, како и дополнителна исплата на минат труд за овие вработени, сметано од октомври.

– Третото покачување за 10 проценти ќе се засмета од 1 јануари 2020 година, и тоа за основно, средно и високо образование. Оваа одлука ќе го врати дигнитетот на наставничката и професорската професија и ќе создаде сатисфакција кај сите вработени во дејноста образование.  Горд сум што заедно со премиерот Зоран Заев во овој период интензивно преговаравме и се консултиравме со претставниците на СОНК да има плати со кои професијата наставник ќе биде достоинствена. И во наредниот период ќе продолжиме да го подобруваме материјалниот и социјалниот статус на сите вработени во образованието и ќе бидеме фокусирани да се подобрат и законите со кои ќе влијаеме на мотивираноста на вработените, истакна Адеми по средбата со претставниците на СОНК.

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков е задоволен од исходот на, како што рече, последната рунда  преговори по неколкуте досегашни средби со министерот за образование.

– Нашето барање за отпочнување на зголемувањето на платите од 1 јануари 2020 година денеска и официјално беше прифатено од МОН. Имавме мачен период со тешки преговори со МОН и со Владата, се обидувавме на конструктивен и заемно прифатлив начин, со аргументи да изнајдеме решение за подобрување на социјалниот статус на сите вработени во дејноста образование, истакна Неделков, додавајќи дека е важно што со постигнатиот договор нема да се активира штрајкот што беше најавен за 11 ноември.

Нагласи дека постигнатиот договор денеска не е затворање на прашањето за статусот на наставниците, туку е почеток на нови конструктивни преговори за дополнителни прашања за други проблеми на вработените и членовите на Синдикатот, како што е регресот за годишен одмор, враќање на реални трошоци за превоз до работното место и назад, реалното вреднување на работата во  комбинирани паралелки, реално исплаќање на дополнителни часови во наставата итн.

– Ние денеска завршуваме период на преговори, но тоа задоволство не треба еуфорично да го прифатиме, туку тоа задоволство треба да се манифестира во уште поголем притисок од нас како Синдикат за остварување на овие прашања, истакна Неделков.

На прашањето дали СОНК се согласил покачувањето да биде 10 отсто, со оглед дека првично бараше да биде пропорционално на растот на минимналната плата во државава, Неделков одговори  дека очекува процентот на зголемувањето да биде повисок откако ќе се решат други барања, како што се придонесите за плати.

– Во овој момент оценивме дека не е  возможно сега и веднаш да се изнајде такво решение, рече Неделков, додавајќи дека не би било добро за никого ако во понеделник влегле во генерален штрајк за во пакет да ги разгледуваат сите нивни барања. Нагласи  дека социјалниот дијалог со МОН е конструктивен, дека СОНК е сериозен синдикат кој, како што рече, не сака по секоја цена да оди на штрајк и да преговара под принуда.

Next Post

Пасиштата се потенцијал за алтернативни видови на туризам

Shortcut

Најново

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk